Индија ги намали дополнителните акцизи за горивата, и Виетнам презема мерки


Индија ги намали специјалните дополнителни акцизи за бензинот од 13 на три рупии по литар, а за дизелот од 10 на нула рупии по литар. Одлуката на Владата во Њу Делхи е во насока на поддршка на енергетскиот сектор поради неповолното влијание на војната на Блискиот Исток врз снабдувањето со нафта и природен гас. Индија …

Индија ги намали дополнителните акцизи за горивата, и Виетнам презема мерки Read More »

Кина подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД


Кина е подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД, изјавил кинескиот министер за трговија Ванг Вентао по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, одржана на маргините на состанокот на Светска трговска организација во Камерун. Вентао истакнал дека економијата и трговијата треба да бидат двигател на односите меѓу Кина и САД и …

Кина подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД Read More »

Прогнози за раст на БДП во Европа за 2026 година: Македонија не е во првите пет (инфографика)


Се предвидува дека бруто домашниот производ (БДП) на Европа ќе порасне за само 2,3% во просек во 2026 година, оптоварен од бавниот раст на главните пазари во еврозоната како што се Франција, Германија и Италија. Сепак, се очекува другите региони да забележат побрз економски раст, особено во Јужна и Источна Европа. Инфографик: Visualcapitalist.com Оваа мапа …

Прогнози за раст на БДП во Европа за 2026 година: Македонија не е во првите пет (инфографика) Read More »

Извршниот директор на „Голдман Сакс“: Последиците од војната во Иран ќе потраат


Извршниот директор на „Голдман Сакс“, Лојд Бланкфејн, посочи на големите осцилации на енергетските пазари во последните недели, додека инвеститорите се обидуваат да се справат со последиците од конфликтот и да го земат предвид трајното влијание на нарушените глобални резерви на нафта. Во тој контекст, тој рече дека инвеститорите треба да избегнуваат импулсивни тргувања во корист …

Извршниот директор на „Голдман Сакс“: Последиците од војната во Иран ќе потраат Read More »

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра


На 31.12.2025 година, нето надворешниот долг изнесуваше 4,58 милијарди евра (или 27,1 отсто од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2025 година, е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%, стои во редовното …

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра Read More »

Германските бензински пумпи ќе смеат само еднаш дневно да ги зголемуваат цените на горива


Германскиот парламент денеска донесе пакет мерки за спречување на растот на цените на горивата, а главната мерка е забрана за повеќекратно зголемување на цените во еден ден, како и зголемување на ингеренциите на Канцеларијата за борба против картелите за контрола на движењето на цените на горивата. На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш …

Германските бензински пумпи ќе смеат само еднаш дневно да ги зголемуваат цените на горива Read More »

Економистите предупредуваат на инфлаторен бран, потребни се повеќе мерки – намалување на акцизите и антимонополски контроли


На Македонија и се неопходни многу повеќе мерки од досега преземените во однос на кризата. Многу подобри ефекти може да се постигнат ако се намалат акцизите зашто тоа директно влијае на цената, а треба да се засили и улогата на антимонополската контрола и на инспекциите, порачуваат економските експерти. Според нив, не треба многу да се …

Економистите предупредуваат на инфлаторен бран, потребни се повеќе мерки – намалување на акцизите и антимонополски контроли Read More »

За опозицијата поскапувањата се „брутални“, за власта, пак, „не се енормни“


Поскапувањата со кои што секојдневно се соочуваат граѓаните во маркетите и на зелените пазари, се гледаат со различна диоптрија од страна на власта и на опозицијата. Тое денес се виде и на седницата посветена на пратенички прашања, откако пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, наброја повеќе производи кои што имаат значително повисоки цени во …

За опозицијата поскапувањата се „брутални“, за власта, пак, „не се енормни“ Read More »

МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците за да го добијат „Зелениот плик“ навреме


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС апелира граѓаните навремено да ги ажурираат своите податоци со цел да можат навремено да добијат информации од пензиските друштва за состојбата со нивните сметки. Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат нивните лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации.  -Со цел поголема …

МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците за да го добијат „Зелениот плик“ навреме Read More »

Што ако цените на нафтата скокнат на 200 долари за барел?


Службеници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги анализираат можните последици од наглото зголемување на цените на нафтата, вклучително и сценарио во кое цената би можела да достигне 200 долари за барел, објави Блумберг. Според извори запознаени со ова прашање, анализите се дел од редовните проценки за време на кризни ситуации и не се …

Што ако цените на нафтата скокнат на 200 долари за барел? Read More »

Почна исплатата на првиот дел од повратот на солидарниот данок


Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот …

Почна исплатата на првиот дел од повратот на солидарниот данок Read More »

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција


„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. „По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател …

Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција Read More »

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА


Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Како што информира Народната банка (НБ), вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен …

Банкарскиот сектор е целосно вклучен во шемата за кредитни трансфери на СЕПА Read More »

Филипче: Ние сме единствена земја во која со мерка на владата цената на горивата порасна


Една единствена мерка не е доволна за да има ограничување на растот на цените на горивата и храната, не поскапе само литар гориво и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма. Филипче нагласи дека СДСМ континуирано предупредуваше дека се потребни навремени мерки …

Филипче: Ние сме единствена земја во која со мерка на владата цената на горивата порасна Read More »

Историска пресуда: Мета и Јутјуб се виновни по сите точки


Поротата во Вишиот суд на округот Лос Анџелес пресуди дека технолошките гиганти Мета и Јутјуб се одговорни по сите точки во случајот во кој се обвинети за намерно создавање зависност кај сега 20-годишна жена од Калифорнија, како и за оштетување на нејзиното ментално здравје. Ова е пресвртница што може да постави преседан за стотици слични …

Историска пресуда: Мета и Јутјуб се виновни по сите точки Read More »

ИТ компанија ја затвора својата канцеларија во Белград: Целиот тим гејмери ​​ќе биде отпуштен


Американската компанија за игри Playstudios ја затвори својата канцеларија во Белград. Сања Жугиќ, која го водеше Playstudios Europe во Белград, го објави ова на LinkedIn, пишува „Блиц“. Ова е второ затворање на канцеларијата на ИТ компанија во Белград во последниот месец. „Жал ми е што морам да ја споделам веста дека Playstudios ја затвора својата …

ИТ компанија ја затвора својата канцеларија во Белград: Целиот тим гејмери ​​ќе биде отпуштен Read More »

Ветерниот парк на „Алказар“ ќе се гради по Велигден, иако дел од опозицијата не го сакала, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека долгонајавуваната инвестиција во земјава, ветерниот парк на „Алказар enerxi“, конечно ќе почне со рализација по Велигден, иако дел од опозицијата не сакала проектот да успее. Оваа инвестиција беше првата која што ја најави Мицкоски по преземањето на функцијата премиер во новата влада, а беше официјално промовирана уште на 25 …

Ветерниот парк на „Алказар“ ќе се гради по Велигден, иако дел од опозицијата не го сакала, вели Мицкоски Read More »

Пролетната сеидба во криза по големите поскапувања на нафтата и ѓубривата


  БИТОЛА – Пролетната сеидба влегува во криза, бидејќи по поскапувањето на нафтата, поскапеа и ѓубривата и сточната храна. Тоа значително им ја отежнува работата на македонските земјоделци и сточари кои сами произведуваат храна за добитокот. Од ден на ден ситуацијата се влошува, а засега нема кризни мерки од Владата иако во држави на Балканот …

Пролетната сеидба во криза по големите поскапувања на нафтата и ѓубривата Read More »

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката


Актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во врска со интеграцијата со европскиот енергетски пазар беа тема на дискусија на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник …

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката Read More »

Во Рамстор мол пристигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот


Пристигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот! На огромно задоволство на сите дечиња, Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, традиционално и оваа година го организираат најзабавниот ЕКО Маскенбал! ЕКО Маскенбалот оваа година ќе се одржи на 1 април во 18 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе се забавуваме! Сите …

Во Рамстор мол пристигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот Read More »