Битиќи, Узунов, Заевска, Митевски: Без инвестиции во образованието, здравството и продуктивноста, нема побрз економски раст


Во услови на растечки економски предизвици и сè поголеми притисоци врз јавните финансии, прашањата за управувањето со јавниот долг, економската одржливост и директното влијание на економските политики врз секојдневниот живот на граѓаните беа во фокусот на денешната јавна дебата насловена „Кој ја плаќа цената? Јавен долг, економска одржливост и животен стандард“, пишува во денешното соопштение. […]

Бензините поевтинуваат за 2, а дизелот за 2,5 денари по литар


 Цената на бензините од ноеска на полноќ се намалува за два денара по литар, а дизелот поевтинува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43 отсто. Новата максимална малопродажна […]

Косово ја забрани трговијата со електрична енергија со компании од Србија


Владата на Косово донесе одлука за забрана на трговијата со електрична енергија со српски компании, објави косовскиот премиер Албин Курти на седницата на Владата. Според Курти, мерката опфаќа купување, продажба, увоз и извоз на електрична енергија, директно или преку транзит и препродажба низ една или повеќе земји. Забраната важи за сите компании регистрирани во Србија, […]

Аукцијата за продажба на акциите на Алта банка закажана за 30 ноември


  Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на Алта банка АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336 проценти од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај. […]

Продолжува комисиската расправа за предлог-буџетот за 2027 година


На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе продолжи разгледувањето на предлог-буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправа за буџетот трае 10 дена, а почна во петокот. Од десетте дена, најмногу четири дена се за општ претрес и шест дена за амандмани. За предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од […]

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката


На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и жените во енергетиката“, кој ќе обедини претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, дипломатскиот кор, енергетски компании и инвеститори. Како да обезбедиме повеќе […]

Фолксваген сè уште заработува помалку пари од електрични возила отколку што би сакал


Фолксваген забележува зголемен интерес на европските клиенти за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал. Според податоците од групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, […]

Врне на саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, но мириса на јаболка, вино, ориз…


Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Македонски производители нудат млечни производи и месни преработки, ајвар, лутеница, маџун, мармалади, путери од лешник и други јаткасти плодови, вино, ракија, како и природни сокови од овошје. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.  -Во вкусовите што домашните […]

„Да го видам тогаш нека обжалува“… штур одговор на Мицкоски за новиот Закон за јавни набавки


Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со новите измени на Законот за јавни набавки, донесен вчера од Собранието, нема да може повеќе да се манипулира околу малите, но и големите јавни набавки. Сепак, прашан за тоа како ќе функционира и како ќе се превенира претходно договарање од фирмите кои учествуваат во јавните набавки, Мицкоски не објасни […]

Економистите предупредуваат на сериозна буџетска криза во Германија од 2028 година


 Германија би можела да се соочи со сериозна буџетска криза во наредните години доколку Владата не ги ограничи расходите и не утврди јасни приоритети во трошењето на јавните средства, предупредуваат водечки германски економисти. Претседателот на минхенскиот институт „Ифо“, Клеменс Фуест, оценува дека сегашната буџетска политика не е одржлива на долг рок и дека владината коалиција […]

Објавени бројки: Голем пресврт на глобалниот пазар на автомобили


  Глобалниот пазар на автомобили забележа пад на продажбата во првата половина од 2026 година, но резултатите на најголемите производители откриваат големи разлики. Додека Тојота и Фолксваген продолжуваат да ги држат првите две позиции, Стелантис се издвојува со силен раст, Сузуки бележи одлични резултати, а кинескиот BYD се соочува со значителен пад на домашниот пазар. […]

Џенсен Хуанг даде оставка од „Нвидија“. Елон Маск вели дека неговото вработување би било „чест“


Пред Nvidia јавно да го објави заминувањето на Јенсен Хуанг, Елон Маск рече дека сака да го вработи. „Тоа би било чест“, напиша Маск на X во среда вечерта, одговарајќи на објава што гласеше: „Елон, те молам, вработи го Јенсен“. Размената следеше по извештајот на Wall Street Journal дека одборот на Nvidia се подготвува да […]

Почна расправата за буџетот за 2027: Власта и опозицијата на две различни страни


  Штотуку беше усвоен вториот ребаланс на буџетот за 2026, а денес почна расправата за Предлог-буџетот за 2027. Очекувано, власта го фали, а опозицијата го критукува. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во Комисијата за финансирање и буџет изјави дека тој претставува продолжување на определбата за одговорна фискална политика, економски раст и подобрување на квалитетот на […]

„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, клиентите ќе можат да подигнат до 20.000 денари


Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до […]

Американските власти блокираа дел од криптовалутите украдени минатиот месец од „Бинанс“


Вашингтон – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека запленило или блокирало криптовалути во вредност од над 1,2 милијарди долари, за кои се тврди дека минатиот месец биле украдени од платформата „Бинанс“. Кражбата на криптовалути во вредност од околу 6,3 милијарди долари од „Бинанс“ се смета за најголемата кражба во историјата на криптовалутите. ФБИ претходно […]

САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта


Вашингтон  –    Во првите девет месеци од оваа година, САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари приходи од продажба на венецуелска нафта, според извештајот на ревизорската фирма KPMG објавен од Стејт департментот. Таквиот систем за управување со приходите е воспоставен откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го уапси во јануари тогашниот венецуелски […]

Почнува дебатата за Предлогот на буџетот за 2027 година


 На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почнува разгледувањето на Предлог на буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправата за буџетот трае 10 дена, од кои најмногу четири дена за општ претрес и шест дена за амандмани. За Предлог-буџетот поднесени се над 300 амандмани од овластени предлагачи. Во Предлог буџетот […]

Мисијата на ММФ во редовна посета на Народната банка


Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефот на мисијата за нашата земја, Ник Гигинеишвили, од 11 до 17 ноември 2026 година е во редовна посета на Народната банка, како дел од активностите на ММФ за разгледување на економските и финансиските политики на земјите членки. Во текот на посетата, претставниците на ММФ и на […]

Џенсен Хуанг поднесе оставка како директор на „Нвидија“. Му пресуди љубовницата-шпионка


  Акциите на „Нвидија“ доживеаја остар пад во тргувањето пред отворањето на берзата, откако Џенсен Хуанг поднесе оставка од функцијата главен извршен директор. Финансискиот директор на компанијата, Колет Крес, ќе ја извршува функцијата привремен раководител сè додека не биде именуван траен наследник. По оваа вест, акциите на „Нвидија“ паднаа за 10%. Промената во раководството уследи […]

„Киел Македонија“ инвестира 1,5 милион евра во проширување на производството во ТИРЗ Тетово


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја посети компанијата „Киел Македонија“ во Технолошко-индустриски развојна зона (ТИРЗ) – Тетово по повод новата инвестиција од 1,5 милион евра во производствените капацитет и проширувањето на дејноста. Во постојниот производствен објект во ТИРЗ Тетово, каде што компанијата има производство на седиштата за автобуси и возови, министерот ја посети […]