Кападокија во центарот на светскиот авантуристички туризам: Турција домаќин на меѓународен состанок од висок ранг


Во периодот од 16 до 19 октомври 2026 година, Кападокија во Турција беше во фокусот на меѓународната авантуристичка туристичка индустрија, како домаќин на состанокот на Одборот на директори на Здружението за авантуристички туризам, (ATTA), најголемата светска мрежа во овој сектор. Настанот се одржа под покровителство на Министерството за култура и туризам на Турција, во организација […]

Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора да подготвиме план за заштита не само на податоците, туку и на системите


 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека извештајот на Државната ревизија за безбедносните системи во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е алармантен и дека работна група веќе работи со цел да се подготви план за заштита не само на податоците на осигурениците, туку и на системите. – Таму постојат системи што се критично […]

ЕУ планира нови ограничувања за увоз на кинески производи од 2027 година


 Европската Унија планира од почетокот на 2027 година да го ограничи увозот на кинески производи во сектори како хемиската индустрија, производството на мебел и машинската индустрија. Мерките би можеле да вклучуваат увозни квоти или царини. Европската комисија би можела да ги претстави новите ограничувања уште во првиот квартал од 2027 година, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи […]

Николоски: Преку 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10


Македонија инвестира меѓу 5 и 6 милијарди евра во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што истакнува во интервју за регионалната мрежа ЕРНО, земјава ја има уникатната позиција овие коридири да се сечат токму тука и мора да ја искористи за да остане […]

Малку е веројатно идната година енергетските пазари да се вратат на предвоеното ниво, вели директорот на ИЕА


Директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, денеска изјави дека не очекува енергетските пазари во 2027 година да се вратат на состојбата пред почетокот на американско-израелската војна против Иран, што започна кон крајот на февруари. „Не гледам веродостоен начин како енергетските пазари следната година би се вратиле на нивото на кое беа пред […]

Компаниите ќе се запознаат со можностите што ги нудат новите дигитални услуги


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска пред компаниите членки на Стопанската комора, ќе ги презентра достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите. На средбата, иницирана од на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, претставниците на бизнис секторот ќе имаат можност да добијат информации за практичните придобивки од користењето […]

Левица: Владата се откажува од гасификацијата, две милијарди денари скратени со ребалансот


Со најновиот предлог-ребаланс на буџетот средствата за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се намалуваат за речиси 2 милијарди денари, велат од Левица. „Најголемото кратење е кај гасификацијата, област од која се очекува да придонесе за посигурно снабдување и подостапна енергија. За власт што ја истакнува својата стручност во енергетиката, ваквата одлука покажува всушност […]

„Произведено во Европа“: Меч со две острици за автомобилската индустрија во Македонија


  „Произведено во ЕУ“, или „Произведено во Европа“ – два слични термини, но со голема разлика – може да имаат големо влијание врз судбината на компаниите од автомобилската индустрија кај нас, но и од други стопански гранки, кои работат на територијата на нашата земја – како челичната, текстилната или индустријата за производство на цемент. Во […]

САД ги укинуваат царините за некои канадски производи


САД ги елиминираат дел од своите царини од 50 проценти за канадските производи, објави денес Белата куќа, додавајќи дека тоа го прават за да „го зачуваат економскиот напредок и националната безбедност на Американците“. На 30 октомври, САД ќе отстранат одредени производи од листата на канадски производи за кои наметнуваат царини, како што се иверка, некои […]

Уште еден финансиски гигант најави илјадници отпуштања. „Се подготовуваме за вештачка интелигенција“


Американската финансиска компанија Американ експрес (American Express) најави отпуштање на околу 3.500 вработени, односно пет отсто од вкупната работна сила, со цел да ги намали трошоците и да го подготви бизнисот за поширока употреба на вештачката интелигенција. Одлуката доаѓа во време кога компанијата бележи раст на приходите и профитот, а сличен потег само ден претходно […]

УЈП ги повикува граѓаните да го платат данокот за доход остварен во странство изминатите години


Управата за јавни приходи преку соопштение до медиумите ги информира граѓаните дека во изминатиот период започна со проверки на податоците што ги има добиено од банките за приливите од странство на граѓаните остварени во текот на 2021 година. Во оваа насока, Управата за јавни приходи достави персонализирани известувања до физичките лица – резиденти на Република […]

Весникот „Телеграф“ укинува работни места за да стане „медиум управуван од вештачка интелигенција“


Британскиот весник „Телеграф“ ќе отпушти дел од персоналот поради новите планови за трансформирање  во „глобална, управувана од вештачка интелигенција“ медиумска и информативна компанија, јави ДПА. Тоа се случува откако изданието беше купено од германскиот медиумски гигант „Аксел Шпрингер“ претходно ова лето за 575 милиони британски фунти (680 милиони евра). Според „Гардијан“, ќе бидат укинати до […]

Суровата нафта Брент го надмина прагот од 117 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од април


Цените на нафтата продолжуваат со трендот на раст поради постојаните загрижености за ситуацијата на Блискиот Исток и безбедноста на снабдувањето, објави Cи-Ен-Би-Си. Суровата нафта Брент го надмина прагот од 117 долари за барел за прв пат од 29 април, тргувајќи се по 117,08 долари за барел, што е зголемување на нејзината цена за 3,45 проценти. […]

Италија успешно ја брани титулата гигант во производството на тестенини


Тестенините завршуваат на чиниите во најразлични форми, како што се шпагети, фусили, пенне или таљатели, но без оглед на тоа во Европската Унија, убедливо најголемата количина тестенини се произведува во Италија. Според податоците од европската статистичка служба Евростат, само минатата година во Италија се произведени 4,2 милиони тони различни тестенини. Тоа беше 69 проценти од […]

Објавен коефициентот на економска нееднаквост во распределбата на приходите: Еве каде е Македонија


  Коефициентот што ја покажува статистичката мерка за економска нееднаквост во распределбата на приходите меѓу населението – коефициентот Џини, е 29,2 за Македонија во 2024 година, Толкав бил во просек коефициентот и во Европската Унија (исто така 29,2), но во 2025 годоина според податоците објавени денес од Европскиот завод за статистика – Евростат. Коефициентот Џини […]

„Чиста ароганција“: Гнев во Финска бидејќи „Гугл“ илегално исече 250.000 дрвја за дата центар


Зад жичената ограда зјае огромна дупка во земјата. Пред доаѓањето на „Гугл“ пред неколку месеци, околу четвртина милион дрвја растеа на 330 хектари шума во близина на градот Мухос, во руралниот дел на северна Финска. Сега ги нема. Како што пишува британскиот дневен весник Гардијан (The Guardian), откако оваа технолошка компанија, кршејќи го законот, целосно […]

Косово планира национална авиокомпанија, ќе чини повеќе од 500 милиони евра


Владата на Косово има намера да воспостави национална авиокомпанија со јавен капитал, но сè уште не објави колку би чинело тоа, како би се финансирало или со кои партнери. Премиерот Албин Курти на 13 септември, презентирајќи ја програмата на Владата во Парламентот, објави дека проектот ќе започне за време на новиот четиригодишен мандат. „Во рамките […]

Цената на нафтата во САД надмина 100 долари, додека „Брент“ достигна највисоко ниво во последните пет месеци


Цената на нафтата повторно се во пораст – во САД надмина 100 долари, додека „Брент“ достигна највисоко ниво во последните пет месеци, откако Иран изјави дека е подготвен за војна. Фјучерсите на сурова нафта во петокот забележаа раст, при што глобалниот репер, нафтата од типот „Брент“, се задржа на највисокото ниво во последните пет месеци. […]

Акциите на Волво со пад од 30 отсто, компанијата укинува 2.500 работни места


 Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и објави дека ќе отпушти дополнителни 2.500 работни места, главно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал, […]

Расположението на европските потрошувачи на најниско ниво во изминатите пет месеци


Расположението на потрошувачите во Еврозоната во октомври падна на најниско ниво во изминатите пет месеци , според истражувањето на Европската комисија. Граѓаните се повеќе се загрижени за високите трошоци за живот и инфлацијата, што ја намалува нивната куповна моќ. Индексот што ги мери очекувањата на потрошувачите во еврозоната падна во октомври за 1,1 поен во […]