Мисијата на ММФ во редовна посета на Народната банка
Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефот на мисијата за нашата земја, Ник Гигинеишвили, од 11 до 17 ноември 2026 година е во редовна посета на Народната банка, како дел од активностите на ММФ за разгледување на економските и финансиските политики на земјите членки.
Во текот на посетата, претставниците на ММФ и на Народната банка ќе разговараат за актуелните макроекономски движења и изгледи, макроекономските проекции, и спроведувањето на монетарната политика, вклучително и модернизацијата на оперативната рамка, како и натамошниот развој на инструментите и политиките на Народната банка. Предмет на разговорите ќе бидат и состојбите, ризиците и отпорноста на банкарскиот сектор, финансиската стабилност и спроведувањето на макропрудентната политика.
Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.