УЈП: Фирми со политички врски не платиле даноци на државата


Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата Листа на должници на која се евидентирани вкупно 5.200 даночни должници со вкупен нето-долг за даноци и придонеси од 13,784 милијарди денари, односно приближно 224 милиони евра. На листата се опфатени долговите доспеани до 31 јули 2026 година, кои останале неплатени заклучно со 31 октомври оваа година. […]

Во Србија од утре почнува исплатата на депозитите до 50.000 евра од Алта банка


  Од утринава, порталот на банката Поштенска штедилница во Србија е во функција, овозможувајќи им на клиентите на несолвентната Алта банка да закажат термин за исплата на износите од нивните осигурени депозити. До порталот може да се пристапи на www.posted.co.rs. Според претходните најави, се очекува исплатите да започнат уште утре, 13 ноември. Поштенска штедилница ќе […]

Откупот на тутунот ќе започне предвреме, тутунарите стравуваат да не поминат како јаболкарите и лозарите


  БИТОЛА – За една недела, предвреме од законскиот рок, на 16 ноември ќе започне откупот на тутунот. Очекувањата на тутунарите е дека тутунот ќе се откупува во прва класа, пракса од последните неколку години кога целокупниот род се откупуваше во една класа. Пред откупот на тутунот земјоделците стравуваат да не поминат како откупот на […]

Надзорна расправа: Дали НБМ има право да ги продаде акциите на Алта банка Белград во банката во Битола?


  Во текот на надзорната расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет, за случувањата во Алта банка Битола, една од поинтересните дилеми која што се наметна е дали Народната банка може да ги продава акциите на Алта банка Белград кои таа ги има во нејзината истомена банка ќерка во Битола, односно дали доколку ги […]

За да нема голем ценовен скок на струјата, ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово


Премиерот Христијан Мицкоски предупредува дека енергетската криза се продлабочува и дека претстои тежок период во кој ќе биде важно земјава да произведува повеќе струја. На брифинг со новинарите тој рече дека Владата развива нов бизнис-модел за државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Планот предвидува јаглен од Косово за работа на сите три блока на […]

Димитриеска-Кочоска: Само едно јавно претпријатие има сметка во Алта банка – Битола, 100-ина илјади денари


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска, пред Комисијата за финансирање и буџет, рече дека само едно јавно претпријатие има сметка во Алта банка – Битола, но во многу мал износ, 100-ина илјади денари. – Од сите акционерски друштва и јавни претпријатија со кои стапивме во контакт, само едно имаше сметка која е во многу мал […]

Мицкоски најавува второ покачување на цената на струјата годинава


Премиерот уверува дека Владата подготвува модел за зголемување на домашното производство, со јаглен од Косово и рестартирање на блокот 3 во РЕК Битола. Целта е поскапувањето на електричната енергија да биде ограничено, во услови кога цените на европските пазари растат и до трипати. Струјата би можела да поскапи, но Владата очекува зголемувањето да биде ограничено […]

ЕКСПО 2027 Белград, не може да се одложи по смената на власта: Од 1 декември учесниците ги преземаат изложбените простори


Генералниот секретар на Меѓународното биро за изложби (БИЕ), Димитри Керкенцес, денес изјави дека евентуалното одложување на специјализираната изложба Експо 2027 практично повеќе не е можно, со оглед на тоа што до почетокот на изложбата остануваат малку повеќе од шест месеци. Тој додаде и дека на 1 декември учесниците на изложбата ќе почнат да ги преземаат […]

Рекордна невработеност кај високообразованите луѓе во Германија


Невработеноста кај високообразованите луѓе во Германија достигна рекордно ниво, особено кај младите, во услови на слаба економија и зголемена употреба на вештачка интелигенција, објави Федералната агенција за вработување. 372.000 високообразовани луѓе беа невработени во август, продолжувајќи го трендот на зголемување на невработеноста во оваа група петта година по ред, според агенцијата. Бројот на невработени лица […]

Пад на продажбата на станови, но затоа за 45 отсто зголемени закупите


Податоците во третиот квартал од 2026 година покажуваат дека пазарот на недвижности во нашата држава и понатаму бележи значителна економска активност, но со намалена динамика кај купопродажбите. Во овој период се регистрирани 7.679 трансакции, што претставува намалување од 8,2 % во споредба со претходниот квартал. Забележан е пад на бројот на купопродажби од 12,1 % […]

НБ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку АЛТА банка АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси


Народната банка соопшти дека продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се […]

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат


Американскиот пазар на акции бележи пад на вредноста на акциите откако извештај покажа дека инфлацијата во САД минатиот месец била повисока од очекувањата на економистите. Индексот S&P 500 на Волстрит падна за 0,4%, откажувајќи се од дел од добивките остварени за време на силниот раст претходниот ден. Индексот Dow Jones падна за 157 поени, или […]

ЕЦБ: Дигиталното евро би можело да биде воведено по усвојувањето на законската рамка


Европската централна банка (ЕЦБ) ги забрзува подготовките за воведување на дигиталното евро, а пилот-проектот за тестирање на неговата техничка функционалност, оперативни процеси и корисничко искуство би требало да почне во втората половина на 2027 година, изјави денеска членот на Извршниот одбор на ЕЦБ Пјеро Чиполоне. Обраќајќи му се на Одборот за економски и монетарни политики […]

Собранието го усвои амандманот за бришење на членот 13, измените на Законот за јавни набавки усогласени со укажувањата на Сиљановска-Давкова


Собранието попладнево, во рамки на 129. седница, го усвои амандманот за бришење на членот 13 од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки. Амандманот беше поднесен од пратениците  Бојан Стојаноки, Дафина Стојаноска и Бране Петрушевски. Со неговото усвојување, како што истакна Стојаноски, измените на Законот се усогласуваат со укажувањата на претседателката Гордана […]

Пазарната цена на струјата и енергетската сиромаштија во фокусот на еднонеделна експертска мисија во Министерството за енергетика


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Европската комисија преку инструментот TAIEX, денеска е домаќин на првата TAIEX експертска мисија која ќе трае во текот на целата недела, односно до 13 ноември 2026 година. Главната тема во фокус на оваа експертска мисија е Реформата 2.1.1.2: Соодветни мерки за постепено приспособување на цената […]

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот


  Со 67 гласови „За“ и 15 гласови „Против“, пратениците во Собранието денеска го донесоа ребалансот на Буџетот за 2026 година. Ова е второ „прекројување“ на државната каса за годинава, откако во јули веќе еднаш беше донесен ребаланс. Со најновата проекција, годинава вкупните буџетски приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско […]

Кина се приближува до рекорден трговски суфицит, на крилата на бумот на вештачката интелигенција


Трговскиот суфицит на Кина се искачи на повеќе од илјада милијарди долари во првите 10 месеци, бидејќи глобалната трка за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција ја зголеми продажбата на високотехнолошки производи и помогна во ублажувањето на слабата домашна побарувачка, динамика што веројатно ќе ги влоши тензиите со главните трговски партнери. Податоците го нагласуваат растечкото […]

Бруто плата исплатиле две третини од работодавачите, за 13 отсто од вработените не се платени социјалните придонеси


Во текот на месец септември даночните обврзници имаа обврска за плаќање на данокот на личен доход и социјалните придонеси (исплата на бруто плата) до 15 октомври и плаќање на обврските за ДДВ до 25 октомври, информираат од УЈП. Обврска за исплата на бруто плата за месец септември 2026 година имаа 74.782 работодавачи за 553.040 вработени […]

Каква врска има ребалансот на Буџетот со коридорите 8 и 10-д кога тие се дел од ЈПДП, праша Битиќи


Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска во расправата во Собранието за дополнетиот Предлог- ребаланс на Буџетот за оваа година праша каква врска имаат коридорите 8 и 10-д со Буџетот, кога тие се извадени од овој документ и нивното финансирање се одвива преку Јавното претпријатие за државни патишта. Тој реагираше на дел од излагањето на министерката […]