Нов веб портал за бизнис регулатива


Веб порталот www.biznisregulativa.mk е нов агрегат на кој сите компании во земјава ќе може да се информираат за бизнис регулативата во Македонија и да го усогласат своето работење со законските прописи. Според Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, бизнис регулативата понекогаш е комплексна и може да содржи нејаснотии што претставува […]

Прилепскиот тутунски комбинат им нуди на 250 работници да заминат со отпремнина


Тутунскиот комбинат Прилеп бара втора тура работници кои доброволно ќе си заминат од компанијата. Цел на постапката е постигнување на поголема ефикасност, и ова е последна фаза на реорганизацијата што почна во 2016 година, соопшти компанијата. Доброволното заминување ќе се спроведе во координација со синдикатот, кој што дал позитивно мислење. Во 2015 Прилепскиот комбинат речиси […]

Модернизирање и реорганизација на ТКП за поголема ефикасност


ТКП влегува во последната фаза на реорганизација за да се постигне поголема ефикасност на Комбинатот. Започнува последниот круг на процесот на реорганизација започнат во 2016 година каде работниците доброволно аплицираат за отпремнина што доаѓа со доброволното заминување од компанијата. Овој процес е последниот чекор напред за подобра ефикасност на ТКП и продолжување на процесот на […]

Анѓушев и Тевдовски веруваат во раст од 3,2 отсто


Падот на градежништвото од 40 отсто во првиот квартал од годинава и вкупниот раст на БДП од 0,1 отсто во истиот период не ги обесхрабрува вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Тие вчера изразија оптимизам дека македонската економија до крајот на годината ќе расте, и покрај обесхрабрувачките резултати од првиот квартал. Вицепремиерот […]

Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите


Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите. Тие изминативе денови се откупуваат од 10-15 денари за килограм. Минатата недела откупната цена изнесуваше 20-25 денари за килограм. Производителите причината за падот на цената ја бараат во намалената побарувачка и зголеменото производство. – Иако полека навлегуваме во шпицот на производството на доматите, сепак овие […]

Горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,35, односно 2,27 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е […]

Искористеното масло не е отпад туку суровина за биодизел


Примарната дејност на компанијата „Суниленс“ е увоз и трговија со масло за јадење и други прехранбени производи, но во последните девет години го развива и концептот за еколошко постапување со отпадното масло за јадење. Андреј Ѓокиќ, менаџер за развој на компанијата го објаснува системот за собирање, транспорт, третман и складирање на отпадното масло од угостителските […]

Тевдовски: Значително подобрена состојбата во јавните финансии


Подобрена е состојбата во јавните финансии во Македонија, а тоа го потврдија меѓународните финансиски институции и Европската комисија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски во видео-изјавата по повод една година од формирањето на Владата. – За разлика од порано, граѓаните сега имаат контрола врз трошењето на државните пари, домаќински се троши, а инвеститорите и меѓународните […]

Ефектите на јавните расходи врз БДП се под очекуваните


Во земјава има многу ниска ефикасност на јавната потрошувачка, мерена според ефектите што ги дава врз Бруто домашниот производ, односно врз динамиката и квалитетот на  економскиот раст и развој, порачува академик Таки Фити. – Ефикасноста на јавната потрошувачка во земјава, односно ефектите на јавните расходи врз БДП се незадоволителни и недозволено ниски. Ако се остави […]

Ќе користиме холандски искуства во јавните финансии


Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со холандскиот министер за финансии Вопка Укстра за време на Конституенцата Светска банка – ММФ што се одржува во Сплит. На средбата присуствуваше и извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк. За време на состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Тевдовски се заблагодари за поддршката која Холандија […]

Фени во мај произвeде над 1.000 тони никел


Во кавадаречкиот комбинат Фени производството на никел во мај надмина 1.000 тони произведен никел, а раст е забележан и кај извозот, соопштуваат од ЕуроНикел, подружницата на ГСОЛ во Македонија, која моментално работи со ФЕНИ Индустри. Како што додаваат, раст е забележан и кај платите на вработените што сега достигнува приближно 29.000 денари. Душко Николов, синдикален лидер […]

Становите нема да поевтинат иако данокот останува пет отсто


Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) ја поздравува владината одлука данокот на додадена вредност при првата продажба на становите да остане пет отсто до 2023 година и најавува продолжување на постојните, како и нови инвестиции. Според членките на Комората простор за градење има,  а цените на становите нема да се намалат, но не […]

За субвенции аплицирање до вторник


Платежната агенција ги потсети фармерите дека до вторник е рокот за аплицирање за субвенции за растително и сточарско производство. До денес се поднесени 64.448 барања. „Очекуваме уште 10 отсто од можните апликанти овие неколку дена да поднесат барања. Земјоделците не треба да го чекаат последниот ден за да не се создаваат гужви и нам како […]

За 5,1 отсто зголемен уделот на земјоделството во БДП


Во првиот квартал од 2018 година земјоделството, шумарството и водостопанството учествуваат со 6,6 отсто во бруто домашниот производ (БДП) што е раст од 5,1 отсто во однос на истиот период лани кога процентот бил 1,5. Како што соопшти Министерството за земјоделство, повикувајќи се на Државниот завод за статистика, растот се должи на повисоката откупна цена […]

БДП со раст од 0,1 отсто во првиот квартал


Во првиот квартал од годинава БДП забележал раст од минимални 0,1 отсто објави Државниот завод за статистика.  Во првото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите  уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 12,1 […]

Ќе протече ли дизел низ цевководот Солун-Скопје?


Одборот на директори на македонско-грчката фирма „Вардакс“, која што стопанисува со продуктоводот Солун-Скопје има седница в понеделник. Владата вчера беше молчелива за дневниот ред на средбата. На редовниот прес во среда, Владата кусо кажа дека двајцата претставници на македонскиот капитал во одборот на директори на „Вардакс“ ќе учествуваат на седницата и добиле насоки како да […]

Дефинирани областите што ќе се финансираат со 15 милиони евра од ИПА 2019


Со 15 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ – ИПА 2019 ќе се финансира земјоделството во Македонија. Работна група, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги дефинира приоритетните области што ќе бидат финансиски поддржани, а првпат годинава ќе добие и секторот шумарство. Според МЗШВ, првпат финансиска поддршка од ИПА […]

Мебел ќе се прави од сертифицирано дрво


Олеснување на извозот на мебел, како и помали трошоци за компаниите во дрвната индустрија, се придобивките од проектот за сертифицирање на шумите што ќе го спроведува јавното претпријатие „Македонски шуми“, според ЕФЦ програмата што се користи во европски и светски рамки. Производителите на мебел подолго време апелираат дека им се неопходни сертификати за дрвото што […]

Струмичани пред протести-„Еуромакс“ чека дозвола за старт


Додека Струмичани се подготвуваат за протести против отворањето на рудникот Иловица, Министерството за економија чека Владата да одлучи по предлогот за спојување на двете концесии на „Еуромакс рисорсис“. Во тек е постапката за комплетирање на документацијата за да може концесионерот да добие дозвола за експолатација на рудите. Од компанијата концесионер се децидни дека нивниот проект […]

Анѓушев: Невработеноста се намалува


Процентот на невработеност паѓа, рече денеска вицепремирот Кочо Анѓушев, но не кажа колкаво е намалувањето. – Не сакам да импровизирам со бројка, но она што го имам како сознание е дека бројката на невработени е намалена, истакна Анѓушев на прес-конференцијата во Владата на која ги соопшти економските показатели за првиот квартал во 2018 година. Според […]