Компаниите се уште не го користат доволно факторингот како финансиски инструмент

Свеста кај домашните компании за користење на факторингот како финансиски инструмент е прилично мала и се уште постои отпор за негова примена. Овој инструмент е особено погоден за извозно – ориентираните компании бидејќи им овозможува да ги продадат нивните производи со одложено плаќање, а притоа ризикот на наплата да го преземе фактор фирмата.

Станува збор за финансиски инструмент со кој една компанија ги продава своите побарувања од купувачите на фактор фирмата, а потоа таа ги наплатува побарувањата од должниците.

Сузана Димовска-Тунтева од „Фактор трас“ ДООЕЛ Скопје вели дека нивната цел е да се зголеми свеста кај компаниите за користење на овој финансиски инструмент.

– Со помош на факторингот се овозможува преку продажбата на побарувањата на клиентите, компаниите да пристигнат побрзо до финансиски средства со што се зголемува нивната ликвидност, појасни Димовска-Тунтева на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Според неа, во последно време се зголемува интересот на компаниите за користењето на овој финансиски имструмент.

loading...