Горивата поскапуваат за три односно, 1,5 денар

Регулаторната комисија за енергетика објави дека од ноќеска на полноќ ќе следува нова промена на малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените.
Цените ќе се зголемат во просек за 3,21%.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе се зголеми за 3 денари, додека на  Еуросупер БС-98 за 2,50 денари за литар. Еуросупер БС-98 ќе се продава за 71,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-95 за 73,00 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел и на екстралесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар. Еуродизел ќе се продава по 62,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство ќе изнесува 51,00 денари за литар.
loading...