„Лакталис“ повторно повлекува производи поради салмонела


Француската млечна индустрија „Лакталис“ вторпат за еден месец повлекува милиони производи ширум светот поради салмонела. Како и минатата недела и сега се повлечени производите за бебиња под претпоставка дека се заразени со салмонела. „Лакталис“ на почетокот од месецот повлече неколку милиони производи врз база на млеко за бебиња, а сегашното повлекување е „поради превентивни мерки“ …

„Лакталис“ повторно повлекува производи поради салмонела Read More »

Пониски цени на земјиштето за пензионерски, детски и студентски домови


Во 58 општини во реоните пет и шест, градежното земјиште за дооформување на парцела за изградба на ученички или студенстки домови, како и домови за престој на стари лица, за деца без родители или за незгрижени лица ќе се продава со непосредна спогодба по цена од 70 денари за метар квадратен. Како што појасни на …

Пониски цени на земјиштето за пензионерски, детски и студентски домови Read More »

Ќе мрзнеме ли и покрај централното греење: И исклучените ќе купуваат мерачи за греење


Граѓаните што не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ, пресуди вчера Уставниот суд. Уставните судии вторпат ја отфрлија иницијативата поднесена од членовите на Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“, кои бараа да се оцени уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната …

Ќе мрзнеме ли и покрај централното греење: И исклучените ќе купуваат мерачи за греење Read More »

Кинески компании заинтересирани за купување на термоцентрали во Грција


Седум кинески компании пројавиле интерес за учество во продажбата на 40 проценти од сопственоста на термоцентралата „Мелити“ кај Лерин и постројката „Мегалополи Аркадија“ на Пелопонез. Грчката државна енергетска компанија ДЕИ е принудена да продаде дел од своите капацитети, како обврска преземена со програмата за спас на Грција, чие спроведување е услов за доставување помош од …

Кинески компании заинтересирани за купување на термоцентрали во Грција Read More »

Кабинет на Анѓушев: Не е задолжително инсталирањето калориметри во објекти приклучени на мрежата


Не е задолжително поставувањето на мерни уреди (калориметри) во објекти кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, односно тоа е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници, велат од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во врска со дилемите во јавноста за Предлог-законот за …

Кабинет на Анѓушев: Не е задолжително инсталирањето калориметри во објекти приклучени на мрежата Read More »

Шекеринска: РКЕ треба да каже дали „Пуцко петрол“ има дозвола да работи со мазут


Побаравме од Регулаторната комисија за енергетика, како единствено задолжено тело, да каже дали компанијата што победи на електронската аукција има дозвола да работи со мазут или не. Ќе постапиме така како што ќе извести РКЕ, договорот не е реализиран, а досега ниту еден денар не е исплатен врз основа на овој договор. Ова денеска го …

Шекеринска: РКЕ треба да каже дали „Пуцко петрол“ има дозвола да работи со мазут Read More »

Текстилците сакаат да креираат сопствен бренд, бараат помош од државата


Се повеќе текстилни компании од земјава се охрабруваат лон – производството да го заменат со готов производ, да креираат сопствен бренд кој освен тука, би го пласирале и на надворешниот пазар. За тоа бараат поддршка од државата која би обезбедила, како што велат, субвенции за нови технологии и современи капацитети, но и од турските стопанственици …

Текстилците сакаат да креираат сопствен бренд, бараат помош од државата Read More »

Европски суд: „Убер“ е транспортна, а не комуникациска компанија


Европскиот суд на правдата денеска одлучи дека „Убер“ мора да се третира како транспортна, а не како комуникациска компанија, иако таа не оперира со професионални превозници. Со ова Судот најави построго регулирање на услугите на популарната глобална компанија, која нуди евтини такси-услуги што може во иднина да опфати и други компании кои работат на слични …

Европски суд: „Убер“ е транспортна, а не комуникациска компанија Read More »

Уставен суд донесе одлука: Исклучените од парно сепак ќе плаќаат сметки


Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој всушност беше воведена обврска граѓаните кои не користат парно да плаќаат надоместок. Од Судот велат дека по членот 66 решавале во 2013 година и уште тогаш иницијативата е отфрлена. …

Уставен суд донесе одлука: Исклучените од парно сепак ќе плаќаат сметки Read More »

Туризмот се развива, но неопходна е сеопфатна стратегија


Развојот на туризмот бележи нагорна линија во последните години, но за уште подобри резултати потребен е развој на туристичките зони, изградба на инфраструктура, зголемување на бројот на хотелски сместувачки капацитети, законски измени за намалување на нелојалната конкуренција, но и поголем фокус на домашните туристи. За сето ова потребно е донесување на Национална стратегија, која во …

Туризмот се развива, но неопходна е сеопфатна стратегија Read More »

За раст на екомомијата потребна е бизнис клима без мешање на политиката


Со бизнис клима ослободена од политика и поддршка на извозната ориентација на фирмите, но истовремено со политичка стабилност и владеење на правото, ќе се обезбеди  развој на македонската економија која моментно нема клучен мотор за придвижување, оценија учесниците на денешната тркалезна маса „Растот на македонската економија-состојби, проблеми и перспективи“, во организација на Македонската академија на …

За раст на екомомијата потребна е бизнис клима без мешање на политиката Read More »

Германски грант од девет милиони евра за два проекта во Македонија


Владата на Сојузна Република Германија денеска и додели грант од девет милиони евра на македонската Влада преку КфВ банката, од кои четири милиони евра се наменети за проектот Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар, а пет милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во општините Гевгелија и Кавадарци. За таа намена денеска во …

Германски грант од девет милиони евра за два проекта во Македонија Read More »

Владата ќе бара грант за автопатот Гостивар – Кичево


Владата насиноќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за поднесување на Апликација за инвестициски грант за изградба на Автопат А2 Гостивар – Кичево делница Букојчани – Кичево. Усвоена е информацијата и за Апликација за инвестициски грант за градежни работи за рехабилитација и проширување на државниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), …

Владата ќе бара грант за автопатот Гостивар – Кичево Read More »

Пари за пензии ќе има, па дури и вишок


Идните пензионери не треба да стравуваат од крах на пензискиот систем. Пари ќе има за исплата на пензии и без да се зголемат старосната граница за пензионирање и процентот на придонеси. И без да се направат реформи во пензискиот систем, тој ќе може сам да се одржува и да создава дури и вишоци. Ова го …

Пари за пензии ќе има, па дури и вишок Read More »

Ако сакаме пониски сметки за парно ќе треба да штедиме на греење


Доколку граѓаните сакаат да добиваат сити сметки како и досега ќе мора за 30% да ја намалат потрошувачката на топлинска енергија во своите домови. Ова е одговорот на БЕГ за тоа дали новите мерачи кои секое домажинство ќе треба да ги постави на своите радијатори ќе ја намалат или зголемат сметката за парно. -Корисник кој …

Ако сакаме пониски сметки за парно ќе треба да штедиме на греење Read More »

Доделени наградите „Претприемач на годината“


Сојузот на стопански комори (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), заедно со Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење (НЦРИПУ) денеска ги доделија наградите за најуспешните претприемачи од микро и мали претпријатија за 2017 година. За најуспешен претприемач на микро претпријатие, на традиционалната манифестација „Претприемач …

Доделени наградите „Претприемач на годината“ Read More »

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци


Првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој ќе може сам да се одржува и да создава вишоци, покажале резултатите од симулациите направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем, што денеска ги презентираше професорот Мирољуб …

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци Read More »

Мерачи за парно ќе има, ама за нив нема да плаќаат граѓаните


Мерачи за парно ќе има, но за нив нема да плаќаат граѓаните, односно ќе се најдат финансиски средства за да бидат платени, тврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Новиот закон за енергетика предвидува граѓаните да плаќаат парно толку колку што потрошиле, а не според квадратура, за што секој корисник на централно греење ќе мора …

Мерачи за парно ќе има, ама за нив нема да плаќаат граѓаните Read More »

Биткоинот ги урива сите рекорди: Помината границата од 20.000 долари


Вредноста на биткоинот надмина 20.000 долари, што е двојно поголема вредност од крајот на ноември, кога достигна 10.000 долари. И покрај многубројните падови, биткоинот после секој од нив се враќаше и забележуваше толкав раст што ги збуни дури и експертите. Некои велат дека растот ќе продолжи и дека треба да се инвестира во него, додека …

Биткоинот ги урива сите рекорди: Помината границата од 20.000 долари Read More »

Струмица доби пречистителна станица, Владата планира да има секое место со над 10.000 жители 


Во Струмица денеска е пуштена во употреба Пречистителната станица за третман на отпадни води. според премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на свеченоста, со ова Струмица, како најголем регион на раноградинарско производство ќе биде на мапата на квалитетно и здраво еколошко производство на земјоделски производи. Проектот Пречистителна станица е финансиран со средства од ЕУ преку Оперативната …

Струмица доби пречистителна станица, Владата планира да има секое место со над 10.000 жители  Read More »