Кабинет на Анѓушев: Не е задолжително инсталирањето калориметри во објекти приклучени на мрежата


Не е задолжително поставувањето на мерни уреди (калориметри) во објекти кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, односно тоа е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници, велат од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Во врска со дилемите во јавноста за Предлог-законот за енергетика, од Кабинетот на вицепремиерот појаснуваат дека инсталирањето калориметри е задолжително за секој нов објект за кој е започната постапка за одобрение за градење по влегувањето во сила на овој закон.

Со цел вистинито информирање на граѓаните и спречување на дезинформации во јавноста, Од Кабинетот на вицепремиерот препорачуваат експертите да даваат прецизни, точни и вистинити информации за деловите од Предлог законот.