Биткоинот ги урива сите рекорди: Помината границата од 20.000 долари


Вредноста на биткоинот надмина 20.000 долари, што е двојно поголема вредност од крајот на ноември, кога достигна 10.000 долари.

И покрај многубројните падови, биткоинот после секој од нив се враќаше и забележуваше толкав раст што ги збуни дури и експертите.

Некои велат дека растот ќе продолжи и дека треба да се инвестира во него, додека други предупредуваат дека балонот на биткоинот го достигнал максимумот и дека неговото пукање е неизбежно.

Во петокот две луксузни вили во Обединетото Кралство беа купени со биткоини, додека јапонската компанија „ГМО интернет“ им понуди на вработените да им ги исплати платите во криптовалути.