(Галерија)Трет протест против поскапувањето на струјата


Во 14 часот денеска, почна третиот протест против поскапувањето на струјата во Скопје, а демонстрантите се собраа кај „Мавровка“ и се упатија кон Министерството за правда. При тоа се блокираат крстосниците кај Судска палата и кај Палома Бјанка. Ова е трет протест против поскапувањето на цената на струјата, откако беше одлучено сметките за електрична енергија […]

НЛБ Банка им нуди на пензионерите достава на пензиите на домашна адреса


Сите клиенти – пензионери на НЛБ Банка имаат единствена можност нивната пензија да им биде доставена на домашната адреса. Заинтересираните за оваа услуга потребно е да поднесат барање во најблиската експозитура на Банката и да приложат важечки документ за лична идентификација. – Клиентите секогаш се главна грижа на НЛБ Банка и со оваа услуга сакаме […]

Уште десет дена за барања за субвенции во осигурување на посевите и добитокот


Уште десет дена трае рокот за поднесување барања за помош за премии во осигурување, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Според Агенцијата, сите земјоделци кои веќе ги осигурале посевите или добитокот, ќе можат до 31 август да достават барање за добивање финансиска поддршка за полисите за осигурување. Барањата се доставуваат секој работен […]

Ова се трите најголеми инвестиции на Ворен Бафет во 2020 година


Кога станува збор за успешни инвеститори, Ворен Бафет, извршен директор на Беркшир Хатавеј, е секако класа за себе. Овој Американец е рангиран како седмиот најбогат човек во светот со богатство од над 78 милијарди долари не сметајќи десетици милијарди што ги донирал за добротворни цели во последните 15 години. Бафет продаде многу акции во текот […]

Директорите во САД заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник


Платите на работниците во Соединетите Држави се зголемени за 13,7 отсто од 1978 година, а платите на извршните директори за дури 1.167 проценти, така што директорите сега заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник, пишува порталот Fast Company. Извештајот на Институтот за економска политика (ЕПИ) утврдил дека просечната директорска плата во некои од најдобрите американски […]

Ќе најде ли Фатмир Битиќи решение за економските проблеми?


Мирче Јовановски Предлогот Фатмир Битиќи да биде вицепремиер за економски прашања во новата влада не беше изненадување во јавноста, особено откако коалициските партнери ги распределија ресорите и министерството за финансии отиде во рацете на ДУИ. Tој беше прилично активен во промовирањето на предизборната програма на СДСМ, но и во образложувањето на владините мерки за справување […]

Пад на цената на нафтата


Цената на нафтата денеска забележа пад по медиумските наводи дека ОПЕК плус мора да го реши проблемот со вишокот дневна понуда од преку два милиона барели и по веста дека во САД неочекувано е зголемен бројот на барања за државна помош поради невработеноста, што навестува бавно заздравување на економијата. Цената на северноморската нафта Брент се […]

„Алибаба“ ги зголеми приходите за 34 отсто, достигнаа 22,2 милијарди долари


Кинеската компанија „Алибаба“ денеска ги објави прелиминарните податоци за приходите и профитот во првиот квартал од тековната финансиска година, што заврши во јуни. Вкупните приходи на компанијата забележале раст од 24 отсто на 153,75 милијарди јуани (22,2 милијарди долари), а аналитичарите претходно предвидуваа раст на приходите до 147,77 милијарди јуани (21,3 милијарди долари). „Алибаба“ во […]

МАТТО: Да се либерализира движењето на деловните луѓе во рамки на ЦЕФТА


Без мобилност на луѓе нема економија, велат членките на Стопанска комора Македонија – Турција (МАТТО) и апелираат до новата влада да се либерализира движењето на деловната заедница во рамки на ЦЕФТА. Како што вели претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски за МИА, во првата половина од годината трговската размена со земјите – членки на ЦЕФТА падна […]

Народна банка: Продолжува растот на кредитната поддршка на домашната економија


Банкарскиот систем продолжи да обезбедува кредитна поддршка на домашната економија и во текот на вториот квартал од годината, со што придонесува за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза, соопшти  Народната банка. Во соопштение од Кабинетот на гувернерот на НБРСМ се наведува дека во второто тримесечје вкупниот обем на новите кредитни текови изнесува околу 9 […]

Просечна нето плата во јуни 26.867 денари, а бруто платата 40.107 денари


Просечна нето плата во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто. Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е раст за  7,1 процент. Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: […]

СТО: Голем пад на светска трговија – прашање е дали третиот квартал ќе биде подобар


Светската трговска организација (СТО) соопшти дека стоковата размена во вториот квартал од оваа година претрпела значителен пад како последица на пандемијата со КОВИД -19. Во извештајот „Барометар на трговска размена“, СТО вели дека во вториот квартал имало пад на светската трговија од 14 проценти во однос на претходниот квартал, а 18,5 проценти во однос на […]

Штедачите од Еуростандард банка со над 30 илјади евра заштеди се самоорганизираат


Дел од штедачите во Еуростандард банка покренаа иницијатива за самоорганизирање со цел, како што велат да ги остварат своите права. „Ние сме дел од 780-те штедачи на Еуростандард банка кои за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви“, се вели во […]

Компаниите и граѓаните донирале 4,5 милиони евра за справување со КОВИД-19


Над 4,5 милиони евра во финансиски средства и во производи се донирани на државата од почетокот пандемијата предизвикана од корона вирусот како помош на компаниите и на граѓаните за справување со сериозната закана. Со почетокот на кризата државата отвори две сметки за собирање помош за борба против пандемијата – на Владата и на Министерството за […]

Трамп на Твитер повика на бојкот на гумите на „Гудјеар“, експресен пад на акциите на компанијата


Американскиот претседател Доналд Тамп вчера на Твитер повика на бојкот на автомобилските гуми на компанијата „Гудјеар“ затоа што компанијата забранила носење капчиња со натписот на кампањата на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again – MAGA). Поради објавата на твитот на Трамп акциите на компанијата веднаш паднаа за 3,8 проценти. Американските […]

Финска ги суспендира летовите од Скопје до 29 август


Финска ги суспендира летовите од Северна Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период. Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака, изјави дека одлуката е донесена од Агенција за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство. Суспензијата […]

УНИБанка има осигурување на целиот свој имот и средства, украдените средства од вчерашниот грабеж се сигурни


УНИБанка, во врска со вчерашниот вооружен грабеж кој се случи на крајот од работниот ден во експозитурата во Крушево, ја известува јавноста како и своите клиенти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените се безбедни и во добра состојба. Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на […]

Заев уште во 2019 знаел за Еуростандард банка, вели банкарскиот систем е стабилен


Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев, како поранешен премиер бил запознат со состојбите во Еуростандард банка уште во 2019 година. Ова тој го соопшти вечерва по седницата на Централниот одбор на партијата на која беше дадено зелено светло за кандидатите за министри од редот на СДСМ. Без оглед на […]

Вредноста на „Епл“ го помина прагот од 2 билиони долари


Технолошката компанија „Епл“ (Apple) денеска стана прва американска компанија која котира на берзата со вредност од два билиона долари. Акциите на „Епл“ денеска пораснаа на 467,77 долари, а од почетокот на годината до денеска пораснаа за околу 60 проценти, а минатата година забележаа раст од 120 проценти. Американската технолошка компанија за повеќе од две години […]

Комерцијална банка не е заинтересирана да преземе банка во стечај, ниту за договорот на Еуростандард банка со Пошта


Комерцијална банка не е заинтересирана да презема банка во стечај, изјавија за „Фокус“ од банката. „Истакнуваме дека Комерцијална банка не е заинтересирана за стекнување на банката во стечај, ниту за договорот со Македонски пошти, ниту, пак, за кој било имот на Еуростандард банка“, тврдат од банката за „Фокус“ . Притоа, се додава дека ваквата реакција […]