Трамп на Твитер повика на бојкот на гумите на „Гудјеар“, експресен пад на акциите на компанијата

Американскиот претседател Доналд Тамп вчера на Твитер повика на бојкот на автомобилските гуми на компанијата „Гудјеар“ затоа што компанијата забранила носење капчиња со натписот на кампањата на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again – MAGA).

Поради објавата на твитот на Трамп акциите на компанијата веднаш паднаа за 3,8 проценти.

Американските медиуми наведуваат дека компанијата не ја  забранила конкретно таа парола, туку вработените ги замолила на работните места да се воздржат од какви било изрази што вклучуваат политички кампањи „кои излегуваат од рамките на расната правда и прашањата на еднаквоста“.

„Набавате подобри гуми за помалку пари. Тоа го прави радикалната левица“, напиша Трамп на Твитер.

Неговиот твит се појави откако телевизијата ВИБВ, повикувајќи се на снимка од анонимен работник на „Гудјеар“, објави дека пораките како „Животите на црните се важни“ и поддршката за ЛГБТ популацијата се прифатливи, додека другите, вклучувајќи ги МАГА и „Сините животи се важни“ се класифицирани како неприфатливи.

Како одговор на Твитер, компанијата соопшти дека секогаш ги поддржувала и еднаквоста и силите на редот и дека ќе продолжи да го прави тоа.