Штедачите од Еуростандард банка со над 30 илјади евра заштеди се самоорганизираат

Дел од штедачите во Еуростандард банка покренаа иницијатива за самоорганизирање со цел, како што велат да ги остварат своите права.

„Ние сме дел од 780-те штедачи на Еуростандард банка кои за обештетување на своите средства ќе мора да се потпрат на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви“, се вели во дописот до медиумите.

Засега не е познато кој стои зад иницијативата. Единствено се повикуваат сите засегнати да контактираат преку е-маил адресата 780stedaciesb@gmail.com.

„Со цел најтранспарентно водење на стечајната постапка сметаме дека ние 780 штедачи мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции, домашни и меѓународни, од еден претставник професионалец во тоа поле“, се посочува до дописот до медиумите.