Франција годинава со пад на БДП од 10 отсто, во 2021 поддршка за економијата од 42 милијарди евра


Француската Влада денеска го претстави предлог буџетопт за 2021 година, со кој се предвидуваат 42 милијарди евра поддршка за економијата поради пандемијата со новиот коронавирус. – Убедени сме дека Франција може да закрепне и тоа брзо, изјави францускиот министер за финансии Бруно ле Мер по владината седница. Според проценките француската економија годинава ќе забележи пад […]

Бесими во Стопанската комора на северозападна Македонија: Бизнисите бараат активна улога во креирањето закони


Новиот пакет економски мерки, но и очекувањата на стопанствениците активно да учествуваат во креирањето законски решенија кои се однесуваат на деловните субјекти, беа теми на денешната средба во Стопанската комора на северозападна Македонија, помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и претставници на комората. СКСЗМ изрази подготвеност до министерот за финансии да има активна улога во […]

Барометарот за вработување во Германија продолжува да расте


Се повеќе германски компании планираат да вработуваат нови работници поради што барометарот за вработување, кој го изготвува ИФО институтот за економски истражувања, се искачи на 96,3 поени во септември од 95,4 поени во август. Германската економија закрепнува и таквиот тренд се повеќе се рефлектира врз вработувањето, се вели во изјавата на институтот. Нагорниот тренд на вработување, според барометарот на ИФО, продолжил и во […]

Пакетите за трансфер на административците во приватниот сектор отворена опција, вели министерот Шаќири


Процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенциите и  инспекциските служби ќе продолжи, а отворена опција за намалување на вработените во јавниот сектор се пакетите за трансфер на овие вработени во приватен сектор, рече денеска на прес-конференција новиот министер за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири. Ќе се елиминира, укажа, преклопување на […]

Четвртиот сет мерки бил донесен затоа што третиот бил реализиран само 13 отсто, вели Димитриеска Кочоска


До сега биле реализирани само 13 отсто од вкупно 355 милиони евра колку што изнесуваше третиот пакет антикризни мерки и поради тоа на власта ѝ бил неопходен нов, четврти по ред сет мерки, изјави денес Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет на мерки во износ од 355 милиони […]

Германија ќе се задолжи уште 6 милијарди евра во последниот квартал за справување со корона вирусот


БЕРЛИН – Германија планира да издаде 6 милијарди евра повеќе долг во четвртиот квартал отколку што првично планираше, соопшти во понеделникот германската агенција за финансии, за да ги финансира трошоците за справување со пандемијата на корона вирусот што ја зафати економијата. Најголемата европска економија ќе издаде вкупно 50,5 милијарди евра долг во периодот октомври-декември, со […]

Цената на бензините останува иста


Цените на нафтените деривати остануваат исти во следните седум дена. Единствено се зголемува цената на мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на мазутот е зголемува за 0,355 ден/кг и таа од полноќ ќе изнесува 25,666ден/кг. – Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 1,89 проценти, […]

Ова се трите најбогати жени во светот


Кои се најбогатите жени во светот, како станаа членки на таа елитна група и на што ги трошат своите пари, се прашањата на кои ќе се обиде да одговори овој напис. Да почнеме со лошите вести – за жал, ниту една од овие жени не се најде на оваа листа благодарение на нивната работа, имено, […]

Ангеловска-Бежоска не очекува позначајни инфлациски притисоци


За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. „Во услови на проектиран пад на економската активност во оваа година, не се очекуваат инфлациски притисоци предизвикани од страна на побарувачката. Оттаму, централната банка, со априлските проекции, […]

Кина апелира до увозниците да избегнуваат замрзната храна поради опасност од КОВИД-19


Властите во Пекинг денеска апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемија на Ковид-19, затоа што примероци од замрзната храна од странство неколку пати биле позитивни на коронавирусот. – Царината и локалните власти во неколку наврати откриле коронавирус во увезена замрзната храна, соопшти Управата за трговија во Пекинг. Надлежната служба во […]

Катар ервејс нема да лета од Доха до Сараево и Скопје


„Катар ервејс“ нема да ги продолжи летовите од Доха до Сараево и Скопје. Линиите што ги поврзуваат Доха и Сараево, како и Доха и Скопје, нема да продолжат во зимската сезона откако беа откажани во март, пренесува СееБиз. Според планот, „Катар ервејс“ требаше да ги продолжи летовите од Доха кон Сараево и Скопје на 25 […]

Јовановиќ: Зошто помошта им се дава на фирмите а не на работниците?


Професорот Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил го искоментира четвртиот пакет на економски мерки воведен од Владата и истакна 7 прашања поврзани со него. „7 прашања кои ме мачат за четвртиот пакет економски мерки. 1. Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно […]

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди


До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските […]

Битиќи, Николовски и Бектеши во Солун на тркалезна маса за енергетска соработка и средби со грчки компании 


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун ќе учествуваат на тркалезна маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, што ја организираат Федерацијата на индустрии […]

Поголемиот број фирми без добивка ќе остават и повеќе вработени без К-15


Годинава поголем број фирми ќе работат без добивка, па согласно Колективните договори и законските прописи, тие немаат обврска да исплаќаат надомест за годишен одмор, популарниот К-15. Сепак, и покрај ова, премиерот Зоран Заев ги повика ваквите фирми доколку имааат можност, да го сторат тоа. „Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат […]

Кој и колку добива од најавените 470 милиони евра од четвртиот пакет на Владата


Со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра обезбедуваме одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка со директна помош за граѓаните, најави денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Заедно со вкупната вредност на претходните три пакети од 550 […]

Новиот пакет мерки е задоцнет и дополнително ќе ја продлабочи кризата, вели Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата. – […]

Рестораните за свадби ќе добијат грантови до 10 илјади евра, игротеките до 5 илјади


Рестораните кои се регистрирaни за организирање свадбени свечености ќе добијат грантови од 3.000 до 10.000 евра, а игротеките за деца од 1.000 до 5.000 евра, како дел од пакетот мерки за поддршка на стопанството и граѓаните погодени од кризата предизвикана од КОВИД-19. „Поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за организирање сведби во вкупна […]

На дискотеките, на ноќните клубови и на транспортерите ќе им се продолжат лиценците


Поради влијанието на корона кризата врз дискотеките, ноќните клубои, но и на транспортерите, Владата реши како дел од четвртиот пакет мерки да им се продолжат лиценците за работа. „Една од мерките е продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови, како и за компаниите од транспортната заедница“, рече денесс на прес конференција премиерот Зоран […]

Четвртиот пакет мерки нема сериозно да го зголеми јавниот долг, тврди Заев


Ниту можеме ниту сакаме во моментов да пресметаме колку четвртиот пакет на мерки ќе влијае, но дефинитивно нема да има сериозен импакт на зголемувањето на јавниот долг заради тоа што сите пресметки од Министерството за финансии и за време на ттехничката влада  и сега за време на новата Влада се прават комплетно за да се […]