На дискотеките, на ноќните клубови и на транспортерите ќе им се продолжат лиценците

Промената на цената е незначителна во споредба со падот на цената на нафтата од јануари до сега, велат од Владата

Поради влијанието на корона кризата врз дискотеките, ноќните клубои, но и на транспортерите, Владата реши како дел од четвртиот пакет мерки да им се продолжат лиценците за работа.

„Една од мерките е продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови, како и за компаниите од транспортната заедница“, рече денесс на прес конференција премиерот Зоран Заев.

Тој појасни дека согласно регистрацијата за работа на околу 120 субјекти и 7.000 транспортери ќе им се продолжи лиценцата за работа во делот на дискотеките, ноќните клубови и транспортните заедници и во 2021 година надоместокот ќе изнесува нула денари.

„Тие ја изгубија оваа година, како и една година плус за транспортерите во зависност од тоа кога им истекува лиценцата која што ја добиваат“, рече премиерот.