И градежниците се трујат од загаден воздух, зар не?


Растргани меѓу желбата за профит на работодавачите, лошите климатски услови и загадувањето, македонските работници добиваат професионални заболувања или умираат. Според официјални податоци, 40 проценти од работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови. Најмногу работниците во градежништвото, земјоделството, црната металургија и технолошките профили. „Градежништвото во Македонија генерира околу 7 проценти од вкупните вработувања и со тоа …

И градежниците се трујат од загаден воздух, зар не? Read More »

Тинекс отвори интернет продавница


Ланецот на супермаркети Тинекс ја отвори својата прва електронска продавница E-Tinex, која претставува најсовремена онлајн продавница за малопродажба во Македонија, со широка понуда на производи достапни за купување од дома или било која друга локација. E-Tinex продавницата располага со асортиман од 6000 производи поделени во 22 групи кои опфаќаат различни категории на производи како основни …

Тинекс отвори интернет продавница Read More »

ВМРО-ДПМНЕ обвини, РЕК вели законски-фирма блиска на Вице Заев добила 22-милионски тендер


Додека бизнисите на граѓаните тонат, фирмите на блиските до власта нижат милионски тендери, тврди ВМРО-ДПМНЕ во реакција до јавноста. Според партијата, фирмата „СВ инвест“, која се поврзува со Вице Заев, брат на премиерот, добила 22-милионски тендер од РЕК „Битола“ во четири очи. „Според документите кои ги објавија медиумите се гледа дека фирмата ‘СВ инвест’ на …

ВМРО-ДПМНЕ обвини, РЕК вели законски-фирма блиска на Вице Заев добила 22-милионски тендер Read More »

Скопје догодина со предложен буџет од 6,5 милијарди денари


Наредната година буџетот на Град Скопје ќе изнесува 6,5 милијарди денари. Според предлогот, што денеска е на дневен ред на седницата на Советот, Градот планира инфраструктурни проекти, поддршка на локален економски развој и развој на туризмот, за изградба на паркови и зеленило… Основниот буџет изнесува 4,4 милијари денари, буџетот на дотации 1,6 милијарди денари, буџетот …

Скопје догодина со предложен буџет од 6,5 милијарди денари Read More »

М-НАВ потпиша договор за набавка на современ систем за контрола на летање


Акционерското друштво за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ потпиша договор за набавка на современ систем за контрола на летање. Од М-НАВ денеска информираа дека договорот е потпишан со италијанскиот производител „Леонардо“ и оти вклучува набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање (Аir traffic management – ATM), вклучувајќи и …

М-НАВ потпиша договор за набавка на современ систем за контрола на летање Read More »

Со по 50 евра закуп се користат 879 општествени станa


Владата ја продолжи важноста на одлуката со која корисниците на општествени станови можат да ги откупат со 70 отсто попуст, доколку тоа го направат со еднократна уплата. Во Македонија има 879 општествени стана. Од нив 372 се во Скопје, 100 во Битола, 86 во Струмица, 84 во Прилеп, 21 во Охрид, 22 во Кичево, 6 …

Со по 50 евра закуп се користат 879 општествени станa Read More »

ЕВН и ЕЛЕМ Трејд единствени во трката за универзален снабдувач со струја


ЕВН Македонија и ЕЛЕМ Трејд ќе се борат за ексклузивно право да бидат Универзален снабдувач на домаќинствата и фирмите кои нема да тргуваат на слободниот пазар со струја. Актуелниот снабдувач понуди 14,4% бруто маржа, а пак ЕЛЕМ Трејд 14,9%. -Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто маржа и доставена …

ЕВН и ЕЛЕМ Трејд единствени во трката за универзален снабдувач со струја Read More »

Во Богданци ќе се изградат ветерници во вредност од 21 милион евра


Со инвестиција од 21 милион евра ќе се заокружи проектот ветерен парк Богданци. Во втората фаза ќе бидат изградени шест ветерни турбини со инсталирана моќност од 13,8 мегавати, а ќе почнат со производство за најмногу 24 месеци. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од германската КфВ банка во износ од 18 милиони евра, …

Во Богданци ќе се изградат ветерници во вредност од 21 милион евра Read More »

Фирмата на Мукоски и кога ја истражуваат, добива тендери


Фирмата „Атриум“, чиј управител е Бобан Мукоски, брат на пратеникот Крсто Мукоски, го добила тендерот за тековно и инвестициско одржување на објектите со кои стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија. На електронскиот систем за јавни набавки, Друштвото известило дека склучило договор за јавна набавка …

Фирмата на Мукоски и кога ја истражуваат, добива тендери Read More »

Два и пол пати помали казни за малите фирми, предлага Владата


За физичките лица 75 отсто пониски глоби, а за малите фирми 2,5 пати помали казни, предвидува Предлог-законот за прекршоци што беше усвоен денеска на владина седница. Како што соопшти Владата, целта на законот е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите. -Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите, …

Два и пол пати помали казни за малите фирми, предлага Владата Read More »

Откупот на тутунот без проблеми, просечната цена 205,34 денари


Oткупот на тутунот во земјава се одвива непречено и на 198 откупни пунктови го преземаат девет компании. Досега се откупени 7.261.628 тони по просечна цена од 205,34 денари за килограм. – Откупот на тутунот се одвива непречено, без поголеми проблеми. На теренот откупуваат деветте откупни компании во земјава и го исплаќаат откупениот род. Ислапата е 77,72 …

Откупот на тутунот без проблеми, просечната цена 205,34 денари Read More »

Матине со грчка храна


Грчката канцеларија за врски во Скопје организираше попладневно дружење со грчка храна и специјалитети. Новогодишните празници се добра прилика за средби околу маса, а „Калимера“ или на македонски „Добар ден“ настанот беше замислен како можност за претставување на премиум грчките прехранбени производи кои ја надополнуваат празничната атмосфера. Фото: Борис Грданоски  

НБРМ ја намали основната каматна стапка на 2,5 проценти


Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,50 проценти. Одлуката, како што информираат од НБРМ, е донесена на вчерашната редовна седница на Комитетот на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски …

НБРМ ја намали основната каматна стапка на 2,5 проценти Read More »

Тевдовски простум го слушаше Димовски за персоналецот


Министерот за финансии Драган Тевдовски простум го слушаше опозицискиот пратеник Илија Димовски на Комисијата за финансирање и буџет, додека објаснуваше зошто треба да се прифати амандманот со кој и плаќањата за доброволното здравствено осигурување треба да бидат ослободени од персоналец. „Ако може министерот да ме дослуша“, побара Димовски откако Тевдовски, велејќи дека брза на Влада, …

Тевдовски простум го слушаше Димовски за персоналецот Read More »

Идната година Македонија ќе се фокусира на привлекување романски, германски и шпански туристи


Македонија има одлични угостители, препознатлива храна и добар кадар, но тоа треба добро да го спакува, да го патентира и да го промовира преку квалитетна маркетинг стратегија. Неопходно е да разработи и т.н. турзам кој ги продолжува сезоните, посебно во Скопје. Главниот град би можел да биде конгресен центар што ќе придонесе за продолжување на …

Идната година Македонија ќе се фокусира на привлекување романски, германски и шпански туристи Read More »

Пад на британската фунта откако Меј го одложи гласањето за Брегзит


Британската фунта од утрово се движи кон 20-месечниот минимум во однос на доларот, откако премиерката Тереза Меј го одложи гласањето за Договорот за Брегзит. Фунтата забележа пораст од 0,1 процент на 1,2574 долари откако во вчера забележа пад од 1,3 отсто односно 1,2507 долари, што е најниско ниво од април 2017 година. Индексот на доларот, …

Пад на британската фунта откако Меј го одложи гласањето за Брегзит Read More »

Многу невработени, а малку избор за компаниите


Невработеноста во третиот квартал само минимално се намалила, а компаниите и понатаму плачат за работници. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во третото тримесечје од годинава се намалила на 20,8 отсто, за разлика од вториот квартал кога беше 21,1 отсто. Во овој период активно работоспособно население во земјава биле 958.770 лица, од кои …

Многу невработени, а малку избор за компаниите Read More »

Директорот на Епл „тежи“ 625 милиони долари


Богатството на директорот на Епл, Тим Кук изнесува 625 милиони долари. Тој е прв човек на чело на некоја компанија кој отворено призна дека е хомосексуалец и кој се наоѓа на листата „Фортуна 500“. Неговиот капитал се зголемувал истовремено со растот на профитот на компанијата. Во 2018 година Епл стана прва американска компанија во историјата …

Директорот на Епл „тежи“ 625 милиони долари Read More »

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5


Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95 е 61,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), апк, ќе се продава за 58,50, а Екстра лесното масло …

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5 Read More »

Од вработените, речиси 130.000 се со основно образование


Од вкупната бројка вработени во Македонија -759.445 лица, во фирми во приватна сопственост работат 585.660 лица, а 173.785 лица работат во државна, мешовита или задружна сопственост. Најмногу вработени има во преработувачката индустрија – 153.430 лица. Над 100 илјади вработени има и во секторот земјоделство, шумарство и рибарство (120.695) и во трговијата на големо и мало …

Од вработените, речиси 130.000 се со основно образование Read More »