Од вработените, речиси 130.000 се со основно образование


Од вкупната бројка вработени во Македонија -759.445 лица, во фирми во приватна сопственост работат 585.660 лица, а 173.785 лица работат во државна, мешовита или задружна сопственост. Најмногу вработени има во преработувачката индустрија – 153.430 лица. Над 100 илјади вработени има и во секторот земјоделство, шумарство и рибарство (120.695) и во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила-109.485 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за третиот квартал од годинава.

Од вработените, без образование се 2.136 лица, но тоа е помалку прецизна бројка, забележува ДЗС. Најголемиот број вработени се со четиригодишно средно образование – 363.902 лица. Со основно образование се вработени 129.113 лица а со високо 172.493. За 2.536 лица е намален бројот на вработени лица со високо образование во третиот квартал годинава споредено со истиот период лани.