Вучиќ: Дали Србија ќе добие исти гаранции од ЕУ како Македонија за решавање на косовското прашање


Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто за виенскиот дневен весник „Стандард“ говорејќи за решавањето на косовскиот прашање направи паралела со случајот на Северна Македонија и гаранциите на ЕУ во решавањето на косовското прашање. – Не мислам дека Србија ќе го признае Косово, но не можеме да ја затвориме вратата на дијалогот. И двете страни мораат […]

Иранскиот амбасадор обвинува дека муџахедините во Албанија „користат ново оружје“


Под наслов „Што се случува во кампот на муџахедините во Тирана“ тиранската телевизија Топ чанел ја пренесува изјавата на амбасадорот на Иран во Лондон, кој тврди дека „тие таму користат ново оружје“. Според телевизијата, иранскиот амбасадор во Лондон, Хамид Бајединеџад(Hamid Baeedinejad) објавиил фотографија за која тврди дека е направена во кампот на муџахедините во Тирана. […]

Рама најави усвојување на изборната реформа до крајот на годинава со или без опозицијата


Изборната реформа ќе биде усвоена во текот на оваа година, со или без соработка на вонпарламентарната опозицијата. Ова го најави албанскиот премиер Еди Рама на новинарско прашање, додавајќи при тоа дека тоа ќе се направи со сите кои тоа го сакаат. -Реформата ќе ја направиме заедно со сите оние кои сакаат да учествуваат во процесот […]

Рама нема да поднесе оставка: Продолжуваме со реформите, дури и да имавме „Да“ задачите се исти


Албанскиот премиер Еди Рама го отфрли барањето на опозицијата за оставка по одлуката на Советот на ЕУ да не се отворат преговори со Албанија. По средбата што ја одржа со претседателството на неговата Социјалистичка партија (ПС) Рама ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи процесот на европска интеграција за Албанија: -Тие (опозицијата) работеа […]

Рама нема да поднесе оставка: Сонцето повторно изгреа, ние продолжуваме со реформите


Албанскиот премиер Еди Рама го отфрли барањето на опозицијата за оставка по одлуката на Советот на ЕУ да не се отворат преговори со Албанија. По средбата што ја одржа со претседателството на неговата Социјалистичка партија (ПС) Рама ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи процесот на европска интеграција за Албанија: -Тие (опозицијата) работеа […]

Ердоган: Цел Запад застана на страната на терористите


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги обвини западните земји дека „застанале на страната на терористите“ наспроти Турција, која ја критикуваат за воената операција на Анкара против сириската курдска милиција Сили за заштита на народот (ЈПГ). – Целиот Запад застана на страната на терористите и нè нападнаа сите заедно. Вклучително и земјите од НАТО и […]

Макрон наскоро во Тирана и Скопје


Францускиот претседател Емануел Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија, наредниот месец ќе ги посети двете земји, објавуваат денеска албанските медиуми. Самиот Макрон на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот на ЕУ во Брисел, најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби […]

Данас: Русија е сигурна дека Вучиќ нема да ги исполни ветувањата кон Запад


Опозицискиот белградски весник „Данас“ во денешната анализа на посетата на рускиот премиер Дмитриј Медведев на Белград, оценува дека таа е уште еден обид на одвојување на Србија од евроинтегративните процеси, преку зацврстување на сојузот со Руската федерација. Според политикологот Борис Варга, посетата на рускиот премиер се совпаѓа со најголемата криза во регионот од Охридскиот мировен […]

И опозицијата во Албанија бара предвремени избори: Владата да го следи примерот на Северна Македонија


Најголемата политичка сила во Албанија, Демократската партија (ПД) побара спроведување предвремени парламентарни избори, исто како и во Северна Македонија. Лидерот на партијата, Љуљзим Баша истакна дека албанската Влада треба да преземе одговорност за неуспехот на преговорите и да му го врати мандатот на албанскиот народ. -Време е Владата да го следи примерот на Северна Македонија, […]

Грабеж во Дубровник, украдени пари од аеродромот


Во Дубровник утрово се случи голем грабеж кога вооружени лица украле пари кои ги пренесувале чуварите од аеродромот. Околу 7 часот и 30 минути, двајца мажи на мотори ги пресретнале луѓето кои ги обезбедувале парите од викендот. Како што пренесува Дубровнички дневник, станува збор за пари од аеродромскиот Фри шоп. Дубровничко-неретванската полициска управа го потврди […]

Грчките медиуми загрижени околу Договорот од Преспа поради предвремените избори во Македонија


Предвремените парламентарни избори кај нас, грчките медиуми, директно ги поврзуваат со иднината на Договорот од Преспа и пренесуваат „загриженост на Атина, за случувањата во Скопје“. „Избори во Северна Македонија: „Сите сценарија за следниот ден“,„Облаци над Договорот од Преспа“, „Предвремени избори во Скопје: што важи за Договорот од Преспа и грчката загриженост“, „Северна Македонија: Што ќе […]

Курти: Одлуката на Советот на ЕУ е неправда кон Албанија и Северна Македонија


Лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, од Тирана ја коментираше негативната одлука на Европскиот совет, да не се даде датум за започнување на преговори со Албанија и Северна Македонија. Според него, нанесена е неправда кон овие две земји, како и што е и недавањето визна либерализација за граѓаните на Косово. -Косово и Албанија треба да […]

Возилото на Албин Курти се судри со полициско во Тирана


Возилото во кое се наоѓал лидерот на косовското Движење „Самоопределување“, Албин Курти синоќа било дел од сообраќајка на автопатот Тирана – Драч, во која за среќа нема повредени. Според албанските медиуми, возилото со кое патувал Курти се судрило со полициско возило а потоа се судриле уште три возила. – Возилото на претседателот на Движењето „Самоопределување“ […]

Штрајк на вработените во основните и средните училишта во  Хрватска


Хрватска – Просветните работници во основните и средните училишта во Хрватска денеска стапуваат во штрајк, најавија Независниот синдикат во средните училишта и Синдикатот на хрватските училишта. Претставниците на двата образовни синдикати изјавија дека е прекинат социјалниот дијалог, но оти се надеваат дека истиот ќе продолжи. Тие истакнаа дека понудата на премиерот Андреј Пленковиќ за зголемување на […]

Александар Сорос: Европа треба да се соочи со својата албанофобија


Албанија– Постојат прикриени предрасуди и нетрпеливост кон етничките Албанци во Западна Европа, што не може да се потценат при одбивањето на Албанија и Северна Македонија од Советот, објави Александар Сорос на Твитер. Изјавата на Александар Сорос, син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, уследи по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со […]

Конференција за демографските промени во Југоисточна Европа


Конференција за одговор на демографските промени што се случуваат во Југоисточна Европа, преку зајакнување на човечкиот капитал, родовата еднаквост и човековите права, ќе се одржи утре и задутре во Сараево, Босна и Херцеговина. Регионалната конференција на тема „Динамика на населението, човечки капитал и одржлив развој во Југоисточна Европа” ја организира Фондот за население на Обединетите […]

Групното силување во Задар го прелеа трпението


Во Хрватска денеска се одржаа протести под мотото „Правда за девојчињата“ иницирани од групно силување во Задар и како правосудните органи постапуваа по случајот. Демонстрантите испратија порака дека неказнувањето злосторства всушност е злосторство и оти жртвите на насилство во Хрватска не добиваат адекватна заштита. – Во судските процеси страдаат девојчиња и жени. Бараме итно преместување […]

Рама по негативната одлука од Брисел: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи


По 48 часови без сон, на крајот од оваа Одисеја тука сме да го споделиме со Вас нашето мислење за недостаток на консензус за процесот за кој се стремиме и да одговориме на сите прашања, изјави албанскиот премиер Еди Рама на почетокот од заедничката прес-конференцја со овластениот министер за Европа и надворешни работи, Генц Цакај, […]

Победниците на косовските избори го усогласија договорот за заедничка Влада


Работни групи на партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) денеска одржаа состанок, по кој објавија дека постигнале согласност за содржината и принципите на договорот за заедничко владеење, јави дописникот на МИА од Приштина. Во заедничкото соопштение на двете партии се наведува дека на состанокот, […]

Еден месец притвор за полицаецот упасен во северно Косово


Основниот суд во Приштина му одреди притвор во траење од 30 дена на полицискиот истражител Раде Басара, кој беше уапсен во средата, на 16 октомври, поради обвинение за поврзаност со убиството на политичарот Оливер Ивановиќ во јануари минатата година. Одделот за тежок криминал на Судот во приштина соопшти дека го прифатил барањето на Специјалното обвинителство […]