Тројца словенечки војници на КФОР заразени со новиот коронавирус


Вооружените сили на Словенија потврдија дека тројца нивни војници, припадници на меѓународните сили предводени од НАТО во Косово, КФОР, се заболени од Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението што денеска го објавија косовските медиуми се наведува дека заразените војници се пренесени во Словенија за натамошен лекарски третман.

Пред неколку дена осуммина словенечки војници од мисија на НАТО во Мали беа вратени во земјата затоа што биле заразени со новиот коронавирус.

Досега во Косово се регистрирани 780 заболени од Ковид-19, од кои 201 лице е излекувано, а 22 починаа.

Меѓу заразените има и вработени во најголемата база на КФОР во земјата, Бондстил во близина на Урошевац, каде што се сместени американски припадници на меѓународната мисија.