Уште шест жртви на ковид-19 во Србија


Според последните информации во Србија до 15 часот денеска починале уште шест лица, двајца мажи и четири жени, со што до сега починати се 179 пациенти.
На респиратор се 71 пациент.

Потврдени се уште 285 случаи на заразени до корона вирус, со што вкупно се 9009 пациенти.

Од денеска забраната за движење почнува од 18 часот и ќе трае до сабота наутри до 5 часот.

Постарите од 65 години ќе може да излезат во петок два пати во траење од еден час, кое било време, но не смеат да се оддалечуваат од дома повеќе од 600 метри

Во сабота и во недела забраната почнува од 18 часот до пет часот другиот ден, како во текот на работните денови. Постарите и тогаш ќе може да прошетаат по еден час.

Со ублажувањето на емрките есенцијално е избегнувањето контакт.

Во Белгад од 1.843 примероци, 90 се позитивни, што претставува зголемување, но не е загрижувачки.