Уште шестмина починаа во Србија од ковид-19 – можно е да се вратат сите мерки


Според последните информации, во Србија до 15 часот починаа уште шест лица од корона вирус, четворица мажи и две жени, со што вкупниот број на мртви порасна на 185, објави Бе 92.
Епидемиологот д-р Предраг Кон рече дека заклучно со 1 мај, дури 563 корисници на домови за стари се заболени од ковид-19, како и 113 вработени. Од нив излечени се 119 корисници и 67 вработени.
Во Србија викендов граѓаните ќе можат да излегуваат од дома по седум викенди во кои движењето беше потполно забрането. Но, епидемиологот вели дека тоа не треба да се плати со зголемен број новозаразени, туку ги повика граѓаните да се придржуваат до мерките за одржување растојание.
Според Кон проценките за вистинскиот број заразени од 1:5 до 1:10 но тоа не значи дека е драстично поголем за да се каже дека поголемиот дел од популацијата е заразен.
Тој рече дека со укинувањето на вонредната состојба старите ќе може да се движат слободно, но додаде дека нема да ја одјават епидемијата се додека на сила е пандемија, а во тој период сите рестриктивни мерки може и да се вратат ако има потреба.