Во Бугарија заразени 170 лекари


 

Во Бугарија од корона вирус заразени се вкупно 170 лекари, покажуваат најновите податоци на кризниот штаб на таа земја.

Во последните 24 часа бројот на заразени скокна на 1.541, откако беа забележани нови 53 случаи.

Според официјалните податоци, во Бугарија 317 заболени лица од ковид 19 се наоѓаат на болничко лекување, а 40 пациенти се сместени на одделенијата за интензивна нега и се во критична состојба.

Од последиците на ковид 19 починаа 66 лица, додека 276 оздравеа, пренесе БГНес.

Првиот случај на зараза со корона ворус во Бугарија е забележан на 8 март, а вонредна состојба беше прогласена на 13 март.