Во Словенија регистрирани само шест новозаразени со Ковид-19


Во медицинските центри во Словенија вчера се направени вкупно 683 тестови за новиот коронавирус, од кои позитивни биле само шест, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Бројот новозаразени е идентичен како ден претходно, а тоа за лекарите е уште една потврда дека ширењето на вирусот во земјата дефинитивно е ставено под контрола и е значително намалено.

Од  Ковид-19 болнички се лекуваат вкупно 78 пациенти, а поради потешка форма на болеста на одделенијата за интензивна нега се третираат 24 пациенти.

Изминатите 24 часа како последица од инфекцијата починаа уште три лица, а двајца оздравеле.