Борел се чуди што Србија не вика фала за помошта од ЕУ


Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел изјави  дека постои „борба на наративи“ на Западен Балкан и дека, на пример, билборди може да се видат на улиците на Белград со благодарност само за Кина за борбата со коронавирусот. – Чудно е што никогаш не сум видел билборд со благодарност за ЕУ за помошта. А, ние им […]

Курти бара да не се политизира донацијата од Србија


Претседателот во оставка на владата на Косово, Албин Курти, изјави дека не треба да се политизира тоа што Србија донираше тестови за коронавирусот на Косово. Тој денеска на прес-конференција рече Косово докажало дека не прави разлика меѓу граѓаните по општини, партии, старост, пол, вера и етничка припадност. Курти додаде дека Министерството за здравство и Институтот […]

Српската Влада ги ублажи вонредните мерки за пандемијата со Ковид-19


Српската Влада на денешната седница во согласност со епидемиолошката состојба и мислењето на струката, донесе одлуки за ублажување на одредени мерки во однос на спречувањето на ширењето на вирусот Ковид-19. Како што јави дописникот на МИА од Белград, со новите мерки граѓаните постари од 65 години, кои досега само еднаш неделно можеа да излезат од […]

Во Албанија 22 новозаразени со Ковид-19


Иако со бавно темпо, билансот на заразените од Ковид-19 во Албанија се зголемува. Во последното деноноќие од тестираните 233 сомнителни случаи позитивен резултат има кај 22, со што вкупниот број на инфицирани со новиот корона вирус  се зголеми на 584 лица. Најголем број од новозаболените или 12 се од градот  Курбин, каде пред три дена […]

Најмал број новозаразени во Словенија од почетокот на епидемијата


Словенечките власти објавија дека во земјата се потврдени само пет нови случаи на новозаразени со корона вирусот, што е најмалку од почетокот на епидемијата. Има намалување и на бројот хоспитализирани лица поради Ковид-19, кој сега изнесува 88. На одделите за интензивна нега се лекуваат 26 пациенти со потешка клиничка слика на болеста. Во изминатите 24 […]

Почнува тестирање, колку корона вирусот навлегол во популацијата во Хрватска


  Граѓаните кои правеле крвни анализи во Хрватска се потенцијални кандидати за спроведување голема студија. Сите граѓани во Хрватска кои од минатата среда ваделе крв заради контролни или некои други прегледи, неврзани за заразата од корона вирус, се потенцијални кандидати за спроведување голема студија која ќе покаже колку длабоко корона вирусот влегол во популацијата, објави […]

Познат бугарски новинар усмртен од џип на семафор


Познатиот ТВ-презентер Милен Цветков почина во сообраќајна несреќа во Софија, јави Нова ТВ.  Според првичните информации, новинарот бил во автомобил и чекал на црвен семафор кога џип се удрил во него со голема брзина. Новинарот се здобил со повеќе повреди и починал на патот кон болницата, јавуваат телевизиите. Околу инцидентот е задржан 22-годишниот возач кој […]

Нови 324 заразени во Србија и пет смртни случаи за еден ден


  Во Србија во последните 24 часа со коронавирус заразени се 324 лица, а тестирани се 2.673. Во моментот вкупниот број на заболени во оваа држава е 6.318. Во последните 24 часа како последица на вирусот Ковид-19 умреа уште пет луѓе, со што бројот на жртви се искачи на 122. Стапката на смртност во таа […]

За еден ден осуммина починаа во Хрватска, 39 новозаразени


Според последните податоци во Хрватска потврдени се 39 новозаболени од ковид-19, а вкупно во земјата има 1.871 заразени со корона вирус. Од вчера до денеска починаа осуммина, во Загреб двајца, во Сплит тројца, во Осиек еден и во Дубровник двајца. Сите биле хронично болни. Најголем број новозаразени има на подрачјето на Сплит, односно 11..

Во Албанија 14 новозаразени со Ковид-19


Со новодијагностицираните 14 случаи, во последното деноноќие, што е за пет случаи повеќе споредено со вчерашниот ден, бројот на заболените со Ковид-19 во Албанија се зголеми на 562 лица. Како што информираше Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа тестирани се 231 сомнителен случај,од кои 35 се здравствени работници. -Од потврдените […]

Само 14 новозаболени во Словенија


Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата се регистрирани 13 нови случаи на новозаразени со новиот корона вирус. Последните информации покажуваат дека има намалување на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, па така во овој моменти болнички се лекуваат 90 пациенти. На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 26 пациенти кои […]

Грците останаа дома, Велигден во Атина прославен со огномет


Со огномет во повеќе делови на Атина точно на полноќ, со запалени свеќи и светла на балконите и со „Христос воскресе“ што се слушаше од телевизорите, заедно со отчукувањата на камбаните од празните цркви, Грците го прославија најголемиот христијански празник, јави дописничката на МИА од Атина. Грците ги послушаа препораките на Владата, останаа дома, а […]

Седуммина починаа во Србија, новозаразени 304


Во последните 24 часа во Србија починаа уште седуммина од последиците од корона вирусот, од кои четворица се мажи, а три жени. Новозаразени денеска се регистрирани 304, а тестирание се 3.462 луѓе. Во болница се сместени 3.853 пациенти, а на респиратори 126 пациенти со тешки симптоми. Со тоа вкупниот број на заболени од ковид-19 во […]

Србија купи заштитна опрема, ЕУ и го плати транспортот


Уште еден авион со медицинска опрема, организиран со финансиска поддршка на Европската унија, слета утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Како што јави јави дописникот на МИА од Белград, помошта се состои меѓу другото и од 800.000 заштитни маски што ЕУ ги купи за Србија. -Тоа се заштитни медицински маски, бесконтактни топломери. Со летот се […]

Во Албанија се зголемува бројот на оздравени од ковид-19


Во Албанија во последното деноноќие има девет новодијагностицирани лица со корона вирус, со што бројот на заразените се зголеми на 548 лица, информираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита. Од ново заразените пет се од градот Курбин, вработени во погон за производство на чевли, поради што погонот е затворен, а 250 вработени […]

Црногорците најмногу се заразиле на погреби и семејни собири


 За точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во Црна Гора, здравствените власти на таа земја регистрирале 303 случаи на Ковид-19, и пет починати, соопшти синоќа црногорскиот Институт за јавно здравје, чиј шеф смета дека ваквите резултати се добри. „Добрите резултати беа потпомогнати од тоа што властите ја слушаа […]

Бројот на починати од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1.769


Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починале 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.769, јави агенцијата Анадолија. Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес конференција по состанокот на Научниот совет во врска со коронавирусот, нагласи дека се регистрирани нови 4.353 случаи на Ковид-19, […]

Во Грција 17 нови случаи на Ковид-19 и уште тројца починати


Во изминатите 24 часа во Грција се регистриран 17 нови случаи на корона вирусот, со што бројот на заразени се зголеми на 2.224 лица, додека пак животот го загубија уште три лица, односно вкупно 108 од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција, попладневно соопштија дека 71 […]

Забранет влез и излез од Софија


Бугарија го забрани влегувањето и излегувањето од Софија, почнувајќи од 17 април и ќе трае за време на Велигден во обид да ги зајакне мерките за запирање на ширењето на корона вирусот, пренесе РСЕ. Забраната, како што наведуваат властите, била неопходна заради „масовно заминување“ на Бугарите од главниот град пред четиридневниот празничен викенд. Генералот Венцислав […]

Нови 26 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 449 заразени, 11 починати и 79 излекувани


Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, како и осуммина кои се излекувани, откако претходно биле дијагностицирани како заразени од новиот коронавирус, објави синоќа Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) во својот 24-часовен извештај за состојбата со заразата во земјата. Заедно со новите случаи, официјалната […]