Уште 140 новозаразени во Босна и Херцеговина


 

Во последните 24 часа во федерацијата БиХ се регистрирани нови 87 зарзени со корона вирус, а во Република Српска 53.

Вкупно во НиХ во 24 часа заразени се 140 лица.

До сега во БиХ се тестирани 51.668 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 1.819 лица.

Заклучно со денеска во федерацијата БиХ оздравеле 1.022 пациенти, а активни се 745 случаи позитивни на Ковид-19.

Од 52 потврдени смртни случаи, 34 се мажи, а 18 жени.