Србија ескалира: Нови 227 заразени од Ковид-19, двајца починаа


Денеска се регистрирани 227 новозаразени од Ковид-19 во Србија, а две лица починаа, јавија српските медиуми.

Претходните денови, постепено се зголемуваше бројката на новозаразени кај нашиот северен сосед. Неколку дена со ред имаа по над 90 заболени, за последните два дена бројката да се искачи над 100, а денеска се регистрирани 227.

Во последните 24 часа тестирани се 5.933 лица, а вкупно 380.808 од почетокот на епидемијата.

Во Србија, во моментот има активни 1.187 случаи, а вкупно се регистрирани 13.792.

На респиратори се 32 пациенти, а стапката на смртност изнесува 1,94 отсто.

Нивниот главен епидемиолог, Предраг Кон деновиве изјави дека треба да се вратат дел од рестриктивните мерки, со оглед на тоа што и во студентските домови има заразени, а се очекува приемни испити. Потоа како потенцијални жаришта ги наведе и матурските, свадбите и други семејни свечености, но рече дека најкритични се ноќните клубиви, за кои смета дека треба извесен период да се затворат.