Денеска 85 новозаразени во Хрватска


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 85 случаи на заразени со корона вирус, а во моментот има 386 активни случаи, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од 25 февруари кога беше забележан првиот случај на зараза во Хрватска до денеска вкупно се забалежани 2.624 случаи на заразени од Ковид-19, од кои 107 починаа, а 2.152 оздравеа.

Во самоизолација во моментот се 2.363 лица, а до денеска во Хрватска се тестирани 76.624 лица, од кои 1.187 во последните 24 часа.