Во Србија денеска 254 случаи од корона, тројца починати


Во Србија продолжува растот на нови случаи од корона вирус. Денеска официјално се регистрирани 254 нови инфицирани, а починати се три лица, соопшти министерството за здравство. Во последниве 24 часа тестирани биле 4.905 лица.

Од почетокот на епидемијата инфекцијата е потврдена во 14.046 случаи. Официјалниот број на починати е 270. Бројот на активни случаи 1.312, а досега се тестирани 385.713 лица.