Одложена средбата „Процес Брдо-Бриони“ поради коронавирусот


Словенечкиот претседател, Борут Пахор ја одложи средбата на Процесот Брдо-Бриони, што требаше да се одржи в понеделник, 29 јуни, во Крањ, поради епидемиолошката состојба.

Пахор нагалсува дека го одложил состанокот, откако бил информиран за најновата епидемиолошка состојба во земјите членки на Процесот Брдо-Бриони.

На состанокот, како што се наведува во соопштение од неговиот Кабинет,  требаше да присуствуваат претседателите на земјите членки на иницијативата.

Пахор ги известил претседателите на тие држави дека мора да ја одложи закажаната средба, бидејќи како домаќин, и покрај многу планирани мерки, тој не може да обезбеди услови во кои нема да постои ризик од пренесување на инфекцијата.

Учеството на состанокот го потврдија сите претседатели на државите членки на иницијативата Процес Брдо-Бриони. Пахор се надева дека подобрувањето на епидемиолошката состојба ќе овозможи состанокот да се одржи што е можно поскоро која слави десетгодишнина.