По оставките и приведувањата се бара оставка од целата владата на Јанез Јанша


Опозиција во Словенија бара оставка од целата Влада на Јанез Јанша, откако од функцијата се повлече министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, што дојде непосредно по приведувањето на неговиот колега од ресорот економија Здравко Почивалшек. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, по вчерашните настани поранешниот премиер Марјан Шарец изјави дека Владата се обидувала […]

Хрватска го укина обврзниот карантин за граѓаните од Србија, БиХ и од Црна Гора


Во согласност со одлуката на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита од денеска се укинува обврзниот 14-дневен карантин за граѓаните од Босна и Херцеговина, од Србија и од Црна Гора кои ќе влезат во Хрватска. Предвидено е листата на држави од кои граѓаните ќе можат и под кои услови да влезат во Хрватска ќе биде […]

Кон: Ова не го очекував, за Белград не смеам ни да зборувам


  Главниот српски епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека не очекувал оти корона вирусот ќе покаже ваков потенцијал преку летото. „Таа неочекуваност не се случи само кај нас. Секаде каде се попуштија мерките тоа нагло се појави“, рече Кон за телевизијата Н1. Додаде дека во Србија „излегуваат натрпевари“, кои сепак не дале толку последици како […]

Грција отворена за туристи, но за Северна Македонија границите остануваат затворени


Грција денеска ги отвора регионалните аеродроми, дел од копнените гранични премини и дел од пристаништата за туристи од Европската унија, од Шенген зоната, како и за државјаните на третите земји, кои се најдоа на листата што вчера ја соопшти ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. За македонските државјани, границите кон Грција и понатаму ќе […]

Корона вирусот во Нови Пазар и Тутин: „Само ќе чуеш, умре овој, умре оној“


Додека во Нови Пазар и Тутин во Србија има стотици заразени и дестици и десетици мртви, премиерката Ана Брнабиќ ги уверуваше граѓаните дека ситуацијата била под контрола и дека „се ширеле лажни вести“   Во последните денови од јуни се забележува значително зголемување на бројот на заразени со Ковид-19 во Србија, а ситуацијата се чини […]

Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани


Македонските државјани не се на листата граѓани на кои ќе им биде дозволен влез во Грција од утре. Атина ќе ја следи препораката на ЕУ и одлуката на европско ниво за листата со трети земји, јавува дописничката на МИА од Атина. Во наредните 14 дена во Грција, следејќи ја европската препорака, влез ќе им биде […]

Уште 43 заразени во Црна Гора, Рожаје најзагрозено


  Во Црна Гора според најновите податоци на Институтот за јавно здравје регистирани се 47 новозаразени со корона вирус, од 439 тестирани. Од новите, еден е увезен случај, 37 се контакти со потврдени случаи, додека за девет не се знае изворот. Почина еден 85-годишен маж, со што вкупно во јуни починаа тројца а од почетокот […]

Бибер: Во Германија се намалува ентузијазмот за Вучиќ


Флоријан Бибер, професор по политички науки и експерт за Балканот на Универзитетот во Грац, рече дека односот на Германија кон српскиот претседател Александар Вучиќ веќе не бил толку срдечен и дека поддршката на Вучиќ за промена на границите и зајакнување на авторитарната власт го оладил ентузијазмот кој постоел спрема него. „Додека дипломатите и политичарите кои […]

Рама: Мини-Шенгенот е од стратешки интерес за сите Албанци


Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска, на крајот од неговата дводневна посета на Косово, дека таканаречениот балкански мини-Шенген е во интерес и на Косово и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференција на приштинскиот аеродром пред заминувањето за Тирана, Рама рече дека таквата регионална спогодба, за која се заложија тој, премиерот на Северна […]

Хрватска регистрира 52 новозаболени


  Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се нови 54 случаи со Ковид-19, а во самоизолација се повеќе од 4.000 луше, додека двајца пациенти се на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Хрватска се регистрирани 2.777 случи на зараза. Според директорката на Инфективната клиника во Загреб, Алемка Маркотиќ, повеќето пациенти позитивни на корона вирус […]

Србија се разгорува, нови 276 заразени, тројца починаа


  Во Србија денеска се регистрирани нови 276 случаи со Ковид, 19, а тројца починаа. Во последните 24 часа тестирани се 8.377 примероци, или вкупно 401.240. До сега се регистрирани 14.564 потврдени случаи на Ковид-19. На респиртор се 42 пациенти, додека бројот на активни случаи е 1.625. Во Србија од почетокот на епидемијата починаа 277 […]

Оставки на словенечкиот министер за внатрешни работи и директорот на полицијата


Словенечката полиција остана без раководство откако оставки поднесоа министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, јави дописникот на МИА од Љубљана. Причина за оставката на Хојс е претресот што полицијата го прави во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, за кого има сомнежи дека правел незаконски дејства при набавката […]

Словенечки медиуми: Приведен министерот за економија Здравко Почивалшек


Дел од словенечките медиуми објави дека министерот за економија Здравко Почивалшек е приведен по извршениот претрес во неговиот дом од страна на полицијата, која бараше докази поради сомнеж за незаконски дејства при набавка на медицинска опрема, јави дописникот на МИА од Љубљана. Порталот Нецензурирано објави дека тој се сомничи за корупција, при што е направена […]

И во БиХ се зголемува бројот на новозаразени, денеска 109


Во Босна и Херцеговина во послендите 24 часа, евидентирани се вкупно 109 заразени од корона вирус. Според податоците на Федералниот завод за јавно здравство во изминатите 24 часа во Федерацијата БиХ тестиранисе 775 примероци, од кои 69 се позитивни. До сега се тестирани вкупно 54.940 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 2.154 лица. Оздравеле 1.056 […]

Од денеска во автомобил во Грција може да се возат по тројца


Со одлука на надлежните во Грција, такси возилата и приватните автомобили во оваа земја, наместо еден, од денеска може да возат по тројца патници, покрај шоферот. Носењето заштитни маски за лице во такси превозот е задолжително и за возачите и за патниците, а за кршење на одредбата и на едните и на другите ќе им […]

Грција денеска ќе ја соопшти листата со трети земји за чии државјани ќе дозволи влез


Грција утре и официјално ќе отвори дел од граничните премини со Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Турција, но во текот на денешниот ден ќе се знае дали тоа ќе значи и дозвола за влез кај јужниот сосед за македонските, албанските и турските државјани, со оглед на тоа дека се од трети земји, вон ЕУ, јави […]

За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според списокот на ЕУ


Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во […]

Вонредна состојба во Врање, во Србија нови 242 заразени, четворица починати


Според последните информации, во Србија од корона вирус заразени се уште 242 луѓе. Од последиците од Ковид-19 починаа четворица. Поради зголемениот број заразени, Кризниот штаб одлучи од вторник во Белград да биде задолжително носење маски во сите затворени простории, не само во јавниот превоз. Вонредна состојба прогласена е во Врање.

Уште 34 заразени во Хрватска


Во Хрватска забележани се 34 нови случаи на зараза со корона вирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Во болница се 65 пациенти, а еден е на респиратор, пренесе Index.hr. Денеска тестирани се 730 лица До сега забележани се 2.725 заразени со корона вирус, оздравеа 2.155, а починаа 107. Вкупно тестирани се 78.183 лица. Овие […]

ФАЦ: Само Србија и Црна Гора на листата на ЕУ за патување


Членките на ЕУ се пред постигнување договор за листата на трети држави чии граѓани ќе смеат да влезат во Унијата. Според ФАЦ, од земјите од Балканот на листата се само Србија и Црна Гора   На првата листа ќе се најдат 14 трети држави чии граѓани од 1 јули ќе смеат да влезат во Европската […]