Имамоглу бара пренос во живо на судењето, обвинението против него го нарече „срамно“


Поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу, кој беше уапсен на 19 март под обвинение за корупција, го оцени како „срамен“ обвинителниот акт во кој турското обвинителство побара казна затвор до речиси 2.400 години за него и повика судскиот процес да се пренесува во живо на турската телевизија, објави весникот „Созџу“. Во обвинителниот акт, кој вчера …

Имамоглу бара пренос во живо на судењето, обвинението против него го нарече „срамно“ Read More »

Руските сопственици се подготвени да ја продадат НИС


Руските „Газпром Нефт“ и „Газпром“ официјално ја известија Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на американското Министерство за финансии за нивната подготвеност да ја предадат контролата врз српскиот нафтен гигант НИС, кој е во мнозинска руска сопственост, на трета страна. Парализирачките санкции ги запираат испораките на сурова нафта и ризикуваат зимски недостиг на гориво …

Руските сопственици се подготвени да ја продадат НИС Read More »

Една плата повеќе не е доволна: Секој петти Хрват има дополнителна работа


Според анкетата на услугата MojaPlata, секое петто лице во Хрватска работи дополнителна работа поради растечките трошоци за живот, а најзастапените работни места се во услужните дејности како што се келнерство, потоа превоз на патници, чистење и разни повремени физички работи. Во анкетата учествуваа 690 испитаници, а ја спроведе претходно споменатата услуга, која е дел од …

Една плата повеќе не е доволна: Секој петти Хрват има дополнителна работа Read More »

Во Белград почна конференцијата „Западен Балкан 2030“


Во Белград претпладнево беше отворена конференцијата „Western Balkans 2030 – Пресвртна точка за регионот“, на која присуствуваат министри, претставници на ЕУ, меѓународни институции и водечки бизнис лидери со цел заеднички да ги дефинираат насоките на идниот развој на Западен Балкан. Конференцијата има за цел, како што беше наведено на отворањето, да го истакне потенцијалот на …

Во Белград почна конференцијата „Западен Балкан 2030“ Read More »

Земјотрес со јачина од 5,3 степени регистриран на Кипар


Земјотрес со јачина од 5,3 степени, според првичните податоци, бил регистриран во близина на градот Пафос во југозападниот дел на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот било околу 11.30 часот по локално време, според кипарските медиуми бил силен и почувствуван во повеќе делови на островот, а следеле неколку помали потреси. Засега нема информации …

Земјотрес со јачина од 5,3 степени регистриран на Кипар Read More »

(Видео) Грчки свештеници продавале дрога, ја криеле и во црквите


  Грчкиот свештеник и јутјубер, 58-годишниот Партениос вчера се појави пред судот во Атина заедно со уште седум лица обвинети за трговија со дрога и нелегален транспорт на мигранти, објави tovima.gr. Тој инаку е познат по своите религиозни видеа на интернет, а според истрагата, го користел својот религиозен авторитет како покритие за сериозен криминал. Документите објавени …

(Видео) Грчки свештеници продавале дрога, ја криеле и во црквите Read More »

Градот Загреб го забрани „За дом спремни“


  Градското собрание на Загреб гласаше за забрана на употребата на симболи, слогани и пораки што ја слават, поттикнуваат или одобруваат национална, расна или верска омраза, вклучувајќи фашистички и усташки симболи и скандирања, во областите управувани од Градот Загреб. Изгласаната резолуција, исто така, забранува употреба на скандирањата „За дом спремни“, а претседателката на Клубот на …

Градот Загреб го забрани „За дом спремни“ Read More »

Градоначалникот на Истанбул обвинет за 142 кривични дела


  Турските обвинители го обвинија затворениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, за 142 кривични дела што би можеле да доведат до казна од стотици години затвор доколку биде осуден, покажуваат судските документи. Обвинението од речиси 4.000 страници го товари популарниот опозициски лик, кој беше уапсен на 19 март, за кривични дела што вклучуваат водење криминална …

Градоначалникот на Истанбул обвинет за 142 кривични дела Read More »

Бугарија има резерви на гориво за месец и половина


Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а дизел за повеќе од 50 дена, изјави денеска претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи, Асен Асенов. – Во случај на кризна ситуација, горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо на пазарот, додека цените ќе го следат …

Бугарија има резерви на гориво за месец и половина Read More »

ЕУ ѝ исплати на Бугарија 438 милиони евра, до крајот на 2025 чека уште 1,6 милијарди


  Европската комисија објави дека ѝ исплатила на Бугарија 438,6 милиони евра во рамките на втората транша од Механизмот за закрепнување и отпорност, централен елемент на NextGenerationEU. На почетокот на октомври, Бугарија поднесе барање и за третата транша од 1,6 милијарди евра, која се очекува да биде исплатена до крајот на годината. Планот за закрепнување …

ЕУ ѝ исплати на Бугарија 438 милиони евра, до крајот на 2025 чека уште 1,6 милијарди Read More »

Турското обвинителство побара казна од над 2.000 години за поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу


Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“. Имамоглу беше приведен на 19 …

Турското обвинителство побара казна од над 2.000 години за поранешниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу Read More »

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции


Земјоделски субвенции добија луѓе што немаат никаква врска со производство, а ние уште ја чекаме помошта, велат за МИА дел од земјоделците кои од цела Грција денеска се во Атина на протест и пред Министерството за земјоделство и пред Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ). Протестот …

Протест на земјоделците во Атина – во фокусот скандалот со европските земјоделски субвенции Read More »

Одложена изложбата „Србинка“ во Вуковар


  Претседателот на Заедничкиот совет на општини, Дејан Дракулиќ, објави дека фото-изложбата „Србинка, хероина на Големата војна“ во Вуковар е одложена, објавува „Вечерњи лист“. Како што е наведено во соопштението, станува збор за изложба на Српскиот културен центар „Вуковар“, Заедничкиот совет на општини и Генералниот конзулат на Република Српска во спомен на српските жени кои …

Одложена изложбата „Србинка“ во Вуковар Read More »

Дали Албанија е следната членка на ЕУ? Меѓу оптимистичките прогнози имаше и предупредувања, во три области беше забележан застој


Во последните неколку години, албанската влада интензивно се посвети на процесот на приближување кон Европската Унија, а премиерот Еди Рама изјави дека „нема да ја напушти власта сè додека неговата земја не стане членка на ЕУ“. Новиот извештај на Европската комисија за Албанија покажа дека механизмот за усогласување со ЕУ е активен, но дека сè …

Дали Албанија е следната членка на ЕУ? Меѓу оптимистичките прогнози имаше и предупредувања, во три области беше забележан застој Read More »

Поплави на грчкиот остров Лезбос


Поплавени домови и бизниси, затворени училишта, уништена инфраструктура, остави зад себе невремето што вчера го зафати Лезбос, а најпогоден е западниот дел на грчкиот остров, каде што противпожарната служба интервенирала за помош на заглавени лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми од островот, поради интензивните и продолжени врнежи од дожд десетици домови …

Поплави на грчкиот остров Лезбос Read More »

Во Турција осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 фудбалери


Осум лица, вклучувајќи го и претседателот на прволигашот Ејупспор, Мурат Озкај, официјално се уапсени денеска во Турција под сомнение за обложување на резултати на фудбалски натпревари, додека Турската фудбалска федерација (ТФФ) суспендираше 1.024 играчи и почна дисциплински истраги против нив. Овие апсења и суспензии уследија откако минатата недела беа суспендирани 149 турски фудбалски судии кои …

Во Турција осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 фудбалери Read More »

Кристофер Хил во Хаг: Хашим Тачи не беше командант на ОВК, тоа не беше организирана армија


  Сведочејќи во одбрана на поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства во Косово и Албанија во 1998-99 година, тогашниот американски пратеник во Косово, Кристофер Хил, тврдеше пред судот во Хаг дека Тачи не бил воен командант на ОВК од есента 1998 година, ниту пак ја контролирал албанската паравоена група. Во тоа …

Кристофер Хил во Хаг: Хашим Тачи не беше командант на ОВК, тоа не беше организирана армија Read More »

Брнабиќ во Киев: Србија ќе ја поддржи Украина на патот кон ЕУ


Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска престојува во посета на Украина, каде се сретна со претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук. По средбата, Брнабиќ изјави дека двете земји имаат повеќе области во кои успешно соработуваат, но дека постои простор таа соработка да биде „уште поинтензивна“. Таа порача дека Србија ќе ѝ помогне …

Брнабиќ во Киев: Србија ќе ја поддржи Украина на патот кон ЕУ Read More »

Трансјадранскиот гасовод разгледува проширување на мерната станица за гас во албанскиот град Билишт


 Трансјадранскиот гасовод (ТАП) ја истражува можноста за проширување на својата мерна станица за гас во југоисточниот албански град Билишт (Билишта) во близина на грчко-албанската граница, како мерка за потенцијално зголемување на капацитетот за пренос на гас, објавија албанските медиуми. Во документ испратен до албанските власти пред неколку дена, компанијата соопшти дека проширувањето е дел од …

Трансјадранскиот гасовод разгледува проширување на мерната станица за гас во албанскиот град Билишт Read More »

Следната година, Србија ќе се задолжи 8,3 милијарди евра за отплата на буџетскиот дефицит и стари долгови


Во 2026 година, Владата на Србија планира да се задолжи околу 970 милијарди динари (8,3 милијарди евра) со цел да го покрие буџетскиот дефицит и да ги отплати старите долгови, објави порталот Nedeljnik.rs. Според предлогот за буџетот за следната година, расходите на државната каса ќе изнесуваат 2.751,7 милијарди динари (23,5 милијарди евра), додека приходите се …

Следната година, Србија ќе се задолжи 8,3 милијарди евра за отплата на буџетскиот дефицит и стари долгови Read More »