Весели во посета на северно Косово, ги убедува граѓаните дека нема причина за стравување


Претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели престојуваше попладнево во Зубин Поток во северно Косово, каде што утрово специјалните единици на косовската полиција изведоа обемна операција за апсење на осомничени за организиран криминал, која го вознемири месното српско население. Цел на посетата на Весели, како што е објавено, е да ги убеди граѓаните дека немаат од …

Весели во посета на северно Косово, ги убедува граѓаните дека нема причина за стравување Read More »

УНМИК побара ослободување на неговите двајца службеници уапсени во северно Косово


Мисијата на ОН во Косово (УНМИК) побара ослободување на своите двајца службеници кои се уапсени во денешната акција на косовската полиција во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Извори од УНМИК за телевизијата КТВ информираат дека уапсените меѓународни службеници се Русинот Михаил Красночеков и Србинот Дејан Димовиќ. Медиумот ја пренесе и информацијата дека …

УНМИК побара ослободување на неговите двајца службеници уапсени во северно Косово Read More »

(ВИДЕО) Заврши операцијата на косовската полиција, уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили


Акцијата на специјалните единици на косовската полиција РОСУ, што започна денеска во раните утрински часови во северно Косово, но и во неколку други делови на земјата, заврши нешто по 13 часот. Медиумите известуваат дека косовските специјалци веќе се целосно повлечени од областите на северот од земјата населени со мнозинско српско населени. Косовската полиција соопшти дека …

(ВИДЕО) Заврши операцијата на косовската полиција, уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили Read More »

Русија цврсто ја осудува акцијата во северно Косово: Бараме итно ослободување на Русите


Рускиот амбасадор во Србија, Александар Чепурин, по повод случувањата во северниот регион на Косово, рече дека Русија цврсто ја осудува акцијата на специјалните сили во северот. “Силно ја осудуваме акцијата на Специјалните сили на Косово во северниот регион на Косово, населен со Срби, кој е исклучително опасен и е во спротивност со сите постоечки договори. …

Русија цврсто ја осудува акцијата во северно Косово: Бараме итно ослободување на Русите Read More »

Тачи му возврати на Вучич: Подготвени сме на се!


Претседателот на Косово, Хашим Тачи запрашан за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ќе ја отвори армијата кон Косово, Тачи рече: “Тоа е популистичка изјава, Вучиќ многу добро знае дека не може да се движи кон Косово, нешто што е незамисливо и невозможно и тој е убеден, но во секој случај институциите на Република …

Тачи му возврати на Вучич: Подготвени сме на се! Read More »

Предвремените парламентарни избори во Грција веројатно ќе се одржат на 7 јули


Поради испитите од државната матура, кои завршуваат на 2 јули, веројатно повеќе не е во игра 30 јуни како датум за одржување на предвремените парламентарни избори во Грција, а во медиумите сѐ повеќе се споменува 7 јули како можен термин. Официјалниот датум ќе биде одреден откако грчкиот премиер Алексис Ципрас, како што и самиот најави, …

Предвремените парламентарни избори во Грција веројатно ќе се одржат на 7 јули Read More »

Жена го претепала својот сопруг во Косово


Во неделата во Призрен беше уапсена жена откако го претепал нејзиниот сопруг. Како што вели полицијата, како резултат на нападот, жртвата претрпела телесна повреда и добила медицински третман. На местото на злосторството, полициските единици заплениле алатка за напад, која, наводно, била користена во случајот. Осомничената со одлука на обвинител е испратена во притвор.

Србија ја подигна борбената готовност, Вучиќ: Го претепуваат нашиот народ во Зубин Поток , упаѓаат во куќите и кршат се


Утринската акцијата на специјалните косовски полициски сили РОСУ во северно Косово и во Митровица за апсење на повеќе полициски службеници и граѓани од српска и албанска националност, осомничени за криминални активности, наиде на вооружен отпор и блокади од страна на локалните Срби. Епилогот на акцијата е 13 приведени Срби припадници на косовските полициски сили, меѓу …

Србија ја подигна борбената готовност, Вучиќ: Го претепуваат нашиот народ во Зубин Поток , упаѓаат во куќите и кршат се Read More »

КФОР: Косовските граѓани да останат мирни и да не се плашат


Командантот на Меѓународните сили на Косово (КФОР), италијанскиот генерал Лоренцо Д’Адари денеска ги повика косовските граѓани да останат мирни, порачувајќи им дека нема од што да се плашат. Во врска со денешната полициска акција во која се уапсени повеќе лица под обвинение за организиран криминал и корупција, Д’Адари апелираше до „сите страни во Косово“ да …

КФОР: Косовските граѓани да останат мирни и да не се плашат Read More »

(ВИДЕО) Пукање во северно Косово: Пет полицајци повредени


Косовската полиција во соработка со полицискиот инспекторат спроведува операција на северот на Косово во која се уапсени неколкумина полициски службеници и неколку граѓани осомничени за вмешаност во шверцување во Зубин Поток и други делови на северот на Косово. Во меѓувреме, локалните Срби во Зубин Поток направија барикада каде се слушнаа истрели. Како резултат на отпорот …

(ВИДЕО) Пукање во северно Косово: Пет полицајци повредени Read More »

Тачи ги повика косовските Срби да ја поддржат борбата против организираниот криминал


Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани и ја повика српската заедница да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. – Институциите на редот и законот имаат потреба од доверба и максимална поддршка на целото општество во борбата против организираниот …

Тачи ги повика косовските Срби да ја поддржат борбата против организираниот криминал Read More »

Албанци, Срби и Бошњаци уапсени во операцијата на косовската полиција


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција. Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“. Вучиќ во српскиот Парламент рече дека досега на …

Албанци, Срби и Бошњаци уапсени во операцијата на косовската полиција Read More »

Пацоли: Србија да не злоупотребува една вообичаена полициска операција


 Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека косовските граѓани уапсени во денешната полициска акција во северно Косово се „дел од мрежа која е длабоко вмешана во шверц, корупција, злоупотреба на службена должност и други видови организиран криминал“, јави дописникот на МИА од Приштина. Пацоли, кој учествува на состанокот во Братислава …

Пацоли: Србија да не злоупотребува една вообичаена полициска операција Read More »

(Видео) Се очекува обраќање на Вучиќ во српското собрание


За околу половина час се очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да се обрати пред пратениците во српското собрание, пренесуваат локалните медиуми. Нема сомнежи дека неговиот говор е поради утринската акција на косовската специјална полиција на северот на Косово, во општини населени претежно со Срби. Во меѓувреме, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, на својот Твитер профил …

(Видео) Се очекува обраќање на Вучиќ во српското собрание Read More »

Вучиќ свика итна седница за национална безбедност поради Косово


Во Белград се одржува седница на Советот за национална безбедност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја свика по акцијата на косовските специјални сили на север во Косово и апсењето Срби. Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг. Двајца Срби се …

Вучиќ свика итна седница за национална безбедност поради Косово Read More »

Уапсен шефот на полицијата во Зубин Поток, косовските Срби го блокираат патот


Специјалните единици на косовската полиција, Росу, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност, меѓутоа за сега не успеваат да го спроведат пред истражните органи, јави дописникот на МИА од Приштина. Според информации …

Уапсен шефот на полицијата во Зубин Поток, косовските Срби го блокираат патот Read More »

Вучиќ: Доколку постигнеме компромис со Албанците, ќе имаме референдум


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Собранието поднесе извештај за Косово, во кој изјави дека доколку не се постигне компромисно решение „ќе има напади на Албанците”, но и дека доколку се постигне компоромис, за што е скептичен, „тогаш граѓаните за него ќе одлучуваат на референдум“. На собраниската седница, покрај српската премиерка Ана Брнабиќ и министрите, …

Вучиќ: Доколку постигнеме компромис со Албанците, ќе имаме референдум Read More »

Ципрас: Загубивме битка, но пред нас е критична војна


Изборниот резултат беше под нашите очекувања, не само за нас туку и за илјадниците прогресивни и демократски граѓани во земјата, загубивме една битка, но пред нас е критичната војна, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање на состанокот на Централниот и Изборниот комитет на СИРИЗА. Во говорот Ципрас неколку пати повтори дека тие ја …

Ципрас: Загубивме битка, но пред нас е критична војна Read More »

Албанскиот Парламент со 123 пратеници


Со исцрпувањето на кандидатските листи на Демократската партија и на Социјалистичкото движење за интеграција, во сите изборни единици, бројот на пратеници во албанскиот законодавен дом достигна 123, јави дописничката на МИА од Тирана. Со последнот пратеник кој денеска го прифати мандатот и достави формулар за декриминализација јасно е дека во собраниската сала ќе останат празни …

Албанскиот Парламент со 123 пратеници Read More »

(ВИДЕО) Рамуш Харадинај знае и да пее


Премиерот на Косово Рамуш Харадинај, покрај државните работи, честопати и пее. Во видеото кое е објавено на социјалните мрежи, тој во Сухарека ја испеа познатата aлбанска песна „Kај одиш моја самовило“..