Вучиќ свика итна седница за национална безбедност поради Косово

Во Белград се одржува седница на Советот за национална безбедност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја свика по акцијата на косовските специјални сили на север во Косово и апсењето Срби.

Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг.

Двајца Срби се полесно повредени во престрелката што се случи околу 6.20 утрово во Зубин Поток, кога припадниците на Росу дошле во реон на селото Доње Вараге во таа општина, јави Танјуг повикувајќи се на полициски извори. Агенцијата јави дека се уште се слушаат истрели од огнено оружје. Во акцијата на косовските специјалци е уапсено едно лице.

Околу 6.20 почнала размена на оган помеѓу непознати лица и специјалните единици на косовската полиција во тој реон.