(Видео) Се очекува обраќање на Вучиќ во српското собрание


За околу половина час се очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да се обрати пред пратениците во српското собрание, пренесуваат локалните медиуми.
Нема сомнежи дека неговиот говор е поради утринската акција на косовската специјална полиција на северот на Косово, во општини населени претежно со Срби.
Во меѓувреме, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, на својот Твитер профил објави дека операцијата за апсење во општините во северниот дел на Косово е против шверц и организиран криминал и ги повика граѓаните да останат мирни.