Тероризираните шпански туристи во Албанија се семејство на милионерот Галдон


Инцидентот во кој беше тероризирано семејство туристи од Шпанија од страна на сопственик на ресторан во Порто Палермо, кај албанското приморско градче Химара и понатаму не губи од својата актуелност. Aлбанските медиуми,повикувајќи се на шпанските медиуми, денеска ставаат посебен акцент на тоа чие е семејството, кое „цел живот ќе го памети престојот во Албанија во …

Тероризираните шпански туристи во Албанија се семејство на милионерот Галдон Read More »

Коѕијас се одмора на грчки остров и пишува книга за Договорот од Преспа


Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во неговата викендичка на грчкиот остров Алонисос, пишува книга посветена на Договорот од Преспа. Според грчките медиуми, како што jави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас од почетокот на летото е на Алонисос, а ќе остане таму до септември, каде што изолиран од сите, работи на …

Коѕијас се одмора на грчки остров и пишува книга за Договорот од Преспа Read More »

Кикиљас: Грчките даночни обврзници нема да ги плаќаат здравствените услуги за странските осигуреници


Нема грчките даночни обврзници да ги плаќаат здравствените услуги за странски осигуреници, вели министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во однос на новите предвидени измени во грчкиот здравствен систем, со кои ќе се наплаќа секоја здравствена услуга за странски државјани. Според циркуларот од министерството, испратен до здравствените региони во Грција, што го објавуваат грчките …

Кикиљас: Грчките даночни обврзници нема да ги плаќаат здравствените услуги за странските осигуреници Read More »

Харадинај до Меркел: Косово е подготвено за ЕУ


Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ја поздрави поддршката што германската канцеларка Ангела Меркел им ја изрази на земјите од Западен Балкан за интегрирање во Европската Унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај преку својот Твитер, покрај фотографија со Меркел од нивната средба во Берлин, порача дека „ЕУ ќе биде посилна“ со интегрирањето …

Харадинај до Меркел: Косово е подготвено за ЕУ Read More »

В среда целодневен штрајк на приштинскиот аеродром


На 21 август најавен е целодневен штрајк  на аеродромот во Приштина, соопштија од Независниот синдикат на вработените на тој аеродром. Од друга страна, меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина соопшти дека и покрај најавениот штрајк на вработените сите летови меѓу 19 и 21 август ќе бидат реализирани. Вработените на аеродромот денеска беа еден час во …

В среда целодневен штрајк на приштинскиот аеродром Read More »

Италијанец се удави во Грција, неговата девојка е во болница


Турсит од Италија, кој летувал на грчкиот остров Миконос, се удавил откако се превртел со џет-ски со кој управувал. Несреќата се случила во саботата, а загинало 21-годишно момче од Италија. Тој со девојката бил на изнајмен џет-ски кој од непознати причини се превртел. Двојката паднала во вода, а момчето се удавило во обид да доплива …

Италијанец се удави во Грција, неговата девојка е во болница Read More »

Турција: Уапсени 418 луѓе


Турската полиција уапси 418 луѓе во 29 провинции во рамки на истрагата против осомничени за врски со забранетата Работничка партија на Курдистан. Исто така, поради истрагата во врска со тероризам турските власти сменија прокурдски градоначалници во  Дијарбакир, Ван и Мардин и на нивно место поставија државни гувернери во овие провинции на југоистокот на земјата, соопшти …

Турција: Уапсени 418 луѓе Read More »

Харадинај: Не беше лесно да се спречи распарчувањето на Косово


Косово – Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај оцени дека неговата партија, Алијансата за иднината на Косово (ААК), е денес „поблиску од било кога до реализација на проектот 100 отсто држава“. По синоќешната средба со локалните партиски структури во Исток, во рамки на неофицијалната кампања што ја започна за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат …

Харадинај: Не беше лесно да се спречи распарчувањето на Косово Read More »

Грчкиот митрополит Амвросиос, кој е осуден за говор на омраза, си поднесе оставка


Грција– Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро  ги критукуваше оние за кои смета дека се однесувале на „нехристијански и негрчки“ начин, вклучувајќи ги хомосексуалците, мигрантите и политичарите, вчера си поднесе оставка. Митрополитот Амвросиос (81), кој од 1978 година служеше во епархијата Калаврита, на југот на Грција, оставката ја објави во текот на неделната …

Грчкиот митрополит Амвросиос, кој е осуден за говор на омраза, си поднесе оставка Read More »

Грчкиот митрополит што организираше протести против Преспанскиот договор си поднесе оставка


Митрополитот Амвросиос, жесток противник на Преспанскиот договор и тврд грчки конзервативец, познат по острите изјави против оние за кои тој тврди дека се однесуваат „нехристијански“, вклучително хомосексуалци, мигранти и политичари, денес си поднесе оставка. Амвросиос во јануари годинава организираше протест против Преспанскиот договор во градот Аигио, во близина на Атина. Тој и други свештеници на …

Грчкиот митрополит што организираше протести против Преспанскиот договор си поднесе оставка Read More »

Романија во втор обид за воведување данок на бакшиш


Романската влада ќе воведе нов данок на бакшиш во рестораните и хотелите во септември, четири години откако не успеа во првиот обид. Според претставниците на туристичката индустрија, мерката беше предложена да се зголеми заработката на вработените и да се подобри стабилноста на работната сила. Министерството за финансии проценува дека оданочувањето на бакшишот може да ги …

Романија во втор обид за воведување данок на бакшиш Read More »

Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот


Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша денеска сподели видео-порака во која наведува дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“. Баша го обвинува својот опонент дека ја ограбува Албанија со банда олигарси,како и за перење пари од дрога и криминал. -Сите меѓународни извештаи го вперија прстот …

Баша: Рама најкорумпиран премиер на Балканот Read More »

Пациент уби четири лица во психијатриска болница во Романија


Четири лица ги загубија животите и други девет се повредени откако биле нападнати од пациент во психијатриска клиника во Романија. Нападот бил извршен од 38-годишен маж примен на клиниката во мал грaд северно од Бузау. Мажот влегол во соба за терапија и нападнал други пациенти со метален држач за инфузии. Од деветмината повредени, двајца се …

Пациент уби четири лица во психијатриска болница во Романија Read More »

Хорор во Романија: Пациент уби четири лица во психијатриска болница


Пациент, кој бил сместен во психијатриска болница во Романија, со држач за инфузија уби четири лица, кои исто така биле пациенти во болницата. Инцидентот се случил во болница во романската општина Сапока. Мажот ги нападнал другите пациенти само три дена откако самиот се пријавил во институцијата. До крвавиот напад дошло утрово околу три часот, во …

Хорор во Романија: Пациент уби четири лица во психијатриска болница Read More »

Српски полицајци спасија деветгодишно девојче од Македонија


Александар Миленковиќ и Владан Николиќ се сообраќајните полицајци од Србија кои завчера попладне му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на нивната деветгодишната ќерка, на која ѝ се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“. Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош. …

Српски полицајци спасија деветгодишно девојче од Македонија Read More »

(Фото) Авион принудно слета на автопат во Хрватска


На автопатот кај Равна Гора во Хрватска присилно слета помал спортски авион. Како што јавуваат од Хрватскиот автоклуб (ХАК), на тој дел од автопатот А6 се вози по една коловозна лента, поради спомнатата несреќа. Бендот на Жељко Бебек кој патува на свирка во Пореч до хрватски Индекс пратил видео од случајот бидејќи се затекнале таму …

(Фото) Авион принудно слета на автопат во Хрватска Read More »

Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград


Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска преку Твитер и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека приштинските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина. Харадинај потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите. „Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го …

Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград Read More »

Хасани: Изборите се единствена уставна алтернатива за Косово


Поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово, Енвер Хасани изјави дека предвремените парламентарни избори се единствена уставна алтернатива, имајќи предвид дека косовскиот претседател Хашим Тачи ја исцрпел можноста за именување нов мандатар за состав на влада. Според Хасани, Тачи мора да објави датум за одржување избори веднаш по распуштањето на Парламентот. Тој нагласува дека Тачи …

Хасани: Изборите се единствена уставна алтернатива за Косово Read More »

Ругова: Курти не е заеднички кандидат за премиер


Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК)  Насер Ругова изјави дека лидерот на Самоопределување Албин Курти  не е заеднички кандидат за премиер, како и тоа, доколку и дојде до договор меѓу овие две партии, премиерот ќе го даде неговата партија ДСК. -Доколку дојде до договор, ДСК и Самоопределување ќе состават заедничка листа и ДСК ќе …

Ругова: Курти не е заеднички кандидат за премиер Read More »

Прва жртва од „глувчја треска“ во Албанија


Во Албанија регистриран е прв смртен случај како последица на болеста „глувчја треска“. Според Началникот на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо станува збор за 32-годишен жител на Ерсек. -Во нашата клиника годинава се хоспитализирани две лица заболени од ХВБС, односно „глувчја треска“. За жал еден од нив не успеа да ја победи болеста, потврди …

Прва жртва од „глувчја треска“ во Албанија Read More »