Хорор во Романија: Пациент уби четири лица во психијатриска болница


Пациент, кој бил сместен во психијатриска болница во Романија, со држач за инфузија уби четири лица, кои исто така биле пациенти во болницата.

Инцидентот се случил во болница во романската општина Сапока. Мажот ги нападнал другите пациенти само три дена откако самиот се пријавил во институцијата.

До крвавиот напад дошло утрово околу три часот, во две различни одделенија на болницата. Триесет и осумгодишниот пациент прво го нападнал својот цимер, а потоа влегол во женскиот оддел и продолжил да ги удира пациентките со металната дршка од инфузија.

Покрај четирите пациенти кои ги убил, повредил уште девет лица, од кои две се во кома.

Убиените пациенти сите се постари од 60 години, а полицијата успеала да го совлада напаѓачот и да го приведе.