(Фото) Авион принудно слета на автопат во Хрватска


На автопатот кај Равна Гора во Хрватска присилно слета помал спортски авион.

Како што јавуваат од Хрватскиот автоклуб (ХАК), на тој дел од автопатот А6 се вози по една коловозна лента, поради спомнатата несреќа.

Бендот на Жељко Бебек кој патува на свирка во Пореч до хрватски Индекс пратил видео од случајот бидејќи се затекнале таму во моментот кога авионот слетувал.

Според пожарникарите до несреќата дошло поради помали технички проблеми. Наведуваат дека никој не е повреден и дека дошло само до материјална штета.

Авионот во договор со полицијата се отстранува од патот.

Како што пренесе хрватскиот сајт 24 Сата, во авионот се наоѓале инструктор по летање и негова ученичка. Благодарение на неговата рписебност успеал да го приземји авионот.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2452752911638972&id=1694915584089379