Јанша: Исклучително тешко ќе се влегува во Словенија за време на празниците


Словенија– Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека ќе биде исклучително тешко да се влезе во Словенија за време на празниците, како и во многу други земји членки на Европската унија. „Не ја минувајте границата,“ порача Јанша на Твитер, истовремено објавувајќи ги извештаите од медиумите за застој во сообраќајот, што од вчера е предизивикан на […]

ИФИМЕС: По Груевски, Тачи и Ѓукановиќ, дојде редот и на Рама да си оди


Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) од Љубљана објави анализа во која оцени дека Еди Рама ја носи Албанија поблиску до Латинска Америка, отколку до ЕУ. Во анализата стои:  „На 28 ноември оваа година, Албанија ја одбележа 108-годишнината од прогласувањето на независноста од Отоманската империја. Откако стана суверена и независна држава, Албанија го […]

Радев: Ердоган има амбиции да учествува во политиката на Бугарија


Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган има амбиции да учествува во политичкиот живот на Бугарија. Изјавата доаѓа по видео-обраќањето на Ердоган на Националната конференција на Движењето за права и слободи (МРФ), опозициска партија со голем број етнички Турци во Бугарија. Радев, на вчерашното гостување на Дарик радио оцени дека со […]

„Click away“ новиот начин на шопинг за време на карантинот во Грција


Услугата да нарачаат преку интернет или телефонски, а нарачката самите да ја подигнат од продавниците, веќе една седмица им е на располагање на Грците, како една од опциите за шопинг во време кога земјата е во карантин и продавниците се затворени. Поради зголемениот обем на работа на компаниите за достава, кои не можат да постигнат […]

Од Ковид-19 во Србија починаа уште 52 пациенти, новозаразени се 3.888


Според последните податоци во соседна Србија денеска имало 3.888 новозаразени, а починаа 52 пациенти. Во последните 24 часа тестирани се 12.578, а 2.130.707 од почетокот на пандемијата Во моментот во болница се 9.581 лица, а 326 на респиратор. Стапката на смртност е 0,89 отсто.

Хаос на хрватските граници – се чека по 15 часа


На граничните премини од Словенија кон Хрватска се чека и по 15 часа, поради актуелните контроли и зголеменит сообраќај, јавија во сабота од Хрватскиот авто-клуб. Сообраќајот е зголемен на сите поважни патишта и гранични премини, каде поради актуелните контроли можни се повеќечасовни чекања, особено на премините од Словенија кон Хрватска, како и за Босна и […]

Хрватска продолжува со многу починати дневно од Ковид-19


  Во последните 24 часа забележани се 2.752 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се уште 20.118. Од нив, 2.873 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор 306 пациенти. Починаа 78 пациенти, а во самоизолација се 57.544 лица. До денеска се тестирани 941.420, од кои 10.062 во последните 24 часа. […]

Ковид-19: Во Бугарија над 1.700 новодијагностицирани, починаа 157 луѓе


Во Бугарија потврдени се 1.739 нови случаи на корона вирус меѓу 6.190 тестирани, а во последните 24 часа 157 пациенти починале како резултат на болеста, пренесува БТА. Од последниот пресек, оздравеле уште 2.894 пациенти, а од почетокот на пандемијата, 96.622. Во моментов во таа земја има 86.909 активни случаи. Во моментов има 6.535 пациенти во […]

Шпионската афера во Грција: Двајцата уапсени признаваат дека се познавале


Грчките власти уапсија две лица обвинети за шпионажа во случајот кој може дополнително да ги заостри односите меѓу Грција и Турција. Еден од осомничените е идентификуван како 35-годишен секретар во турскиот конзулат на островот Родос и оставен му е рок до понеделник да подготви одбрана, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Вториот осомничен, стар 56 години, бил […]

Земјотрес со јачина од 4,1 степен почувствуван во јужниот дел на Албанија


Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала почувствуван е околу два часот по полноќ во јужниот дел на Албанија. Агенцијата Балкан веб, повикувајќи се на албанскиот сеизмолошки институт, наведува дека потресот бил во длабочина од два километера, со епицентар на 17 километри југозападно од градот Ѓирокастро. Освен вознемиреност кај жителите, земјотресот не причинил […]

Вучиќ: С Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ


Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави допсиникот на МИА од Белград. Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија. – Навистина има […]

Најмалку осуммина пациенти со Ковид-19 загинаа во пожар во болница на југот на Турција


Осум лица денеска загинаа во пожар што избувнал на Оддел за интензивна нега на кој се лекувале пациенти со Ковид-19 , во приватна болница на југот на Турција, јавија турските државни медиуми. Агенцијата Анадолија информира дека пожарот избувнал кога експлодирала боца со кислород во Одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп. […]

Вучиќ: Србија е воено неутрална земја, нема да влезе во НАТО


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да влезе во НАТО бидејќи е воено неутрална земја. -Мислам дека ова е најдобра позиција, самите да ја штитиме нашата земја, нашето небо и нашиот народ и да продолжиме да се однесуваме така, рече Вучиќ синоќа во гостувањето на ТВ Прва. И професорот на ФПН, Иво […]

Рекордни 246 смртни случаи во Турција, 26.410 новозаразени


Дневниот број на жртви од Ковид-19 во Турција достигна рекордни 246 во последните 24 часа, покажаа податоците на Министерството за здравство во петокот, додека бројот на нови случаи се зголеми за 26.410. Од почетокот на пандемијата, Турција регистрира 1.982.090 случаи на корона вирус, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е 17.610, пренесува Ројтерс.

Бугарија протера руски дипломат, Москва ќе одговори


Бугарското министерство за надворешни работи му даде 72 часа на руски дипломат да ја напушти земјата откако обвинителството утврдило дека тој е вмешан во шпионирање на земјата од 2017 година, соопшти министерството денеска. Портпаролот на министерството изјави дека за тоа е известена руската амбасада во Софија. Во посебно соопштение, канцеларијата на обвинителот наведува дека рускиот […]

Србите се враќаат пред мерките, метеж на границите


  Километарски колони на граничните премини кон Србија, особено од хрватската страна. Се претпоставува дека причина за овој метеж е стапувањето на силна на новите мерки, односно задолжителниот ПЦР тест или карантин за влез во Србија. Владата на Србија пропиша нови мерки за задолжителен негативен ПЦР тест при влез во Србија за сите граѓани, па […]

Во Србија од Ковид-19 починаа 51 пациент, помалку од 5.000 новозаразени


  Според последните информации во соседна Србија регистрирани се 4.910 новозаразени, а починаа 51 пациент. Тестирани биле 16.740 лица, а вкупно од почетокот на епидемијата 2.118.129. На респиратор се 349 пациенти, а во болница се лекуваат 9.544 пациенти со Ковид-19. Стапката на смртност изнесува 0,88 отсто.

Бугарија протерува уште еден руски дипломат поради шпионажа


Бугарија ќе протера уште еден руски дипломат по неколку слични случаи, откако против него е отворена истрага за шпионирање на американските сили стационирани во оваа членка на НАТО, соопшти денеска Владата во Софија. – Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи дипломат на Руската амбасада во Софија за непожелна личност и му даде 72 часа да ја напушти земјата […]

Словенечкиот министер за здравство поднесе оставка во екот на пандемијата


Словенија – Словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, денеска поднесе оставка на функцијата откако неговата партија ја напушти владеачката коалиција на десниот центар, што претставува директен удар за премиерот Јанез Јанша во време на пандемијата на коронавирусот. Гантар изјави дека оставката ја поднесува по одлуката на неговата Демократска партија на пензионерите (ДЕСУС) да ја напушти […]

Во Србија одобрена вакцината на „Фајзер“, првите дози од 21 декември


Србија– Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, изјави денеска дека првите дози на вакцината „Фајзер“ во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник, во првата транша од нешто помалку од 5.000 дози, а ќе ги примат корисниците на домовите за стари лица, се наведува на веб-страницата на српската Влада. Како што јави дописникот на МИА […]