Момче на возраст од 11 години почина од корона вирус во Хрватска


 

Момче на возраст од 11 години во текот на ноќта почина на Клиниката за инфективни болести во Загреб како последица од корона вирусот.

Тој е најмладиот пациент кој е жртва на новиот вирус во Хрватска.

Неофицијално се дознава дека момчето не боледувало од други болести туку дошло до ретка компликација.

Имено, дошло до мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како претеран имунолошки одговор.