Србија веќе вакцинираше 85.000 граѓани, а Хрватска 54.000


 

Додека нашата земја ги чека своите први дози од вакцините проитв корона вирус, Србија и Хрватска, на пример почнаа со процесот на имунизација. Така, Хрватска досега вакцинира повеќе од 54 илјади граѓани, а Србија речиси 85 илјади.

Хрватска веќе ги потроши количините вакцини што ги набави и чека нови, а Србија се пофали дека само денеска вакцинирала 8.000 просветни работници.

„Направен е план на вакцинација и просветните работници се меѓу приоритетните, што не е случај во многу земји. На сите целта треба да ни биде што поскоро да се вратиме на нормален живот и работа, а тоа може само со вакцинација“, пореча српскиот министер за обрзование Бранко Ружиќ.

Во процесот на имунизација во светот предничи Израел кој според достапните податоци, веќе вакцинирал 39 отсто од населението, следуваат Емиратите со 23,6 отсто, па Велика Британијасо 8,6 отсто.

Гледајќи на апсолутните бројки први се САД со веќе вакцинирани 19,11 милиони граѓани, втора е Кина со 15 милиони, па Велика Британија со 5,85 милиони.