Од Ковид-19 во Србија починаа уште 19 пациенти, заразени уште 1.709


 

Споре дпоследните податоци, во Србија во последните 24 часа починаа уште 19 пациенти, а регистрирани се 1.709 нови случаи на зараза. Тестирани биле 10.638 примероци.

Од почетокот на епидемијата кај нашиот северен сосед починаа вкупно 3.849 пациенти, а заразени се вкупно 380.802 луше.

Во болница се лекуваат 4.731, додека на респиратор се 161 пациент.

Одлуката за продолжување на работното време до 22 часот ќе биде донесена кон средината на следната недела, а во напор да се одржи стопанството активно, Србија на домашните и странските бизнисмени им овозможи да влезат во земјата без ПЦР тест, доколку доаѓаат за работа.