Во Србија вакцинирани 100.511 лица, но и за нив снемува вакцини


 

Во Србија, до денеска вакцинирани се 100.511 лица, пренесе „Блиц“, а граѓаните на Србија може да бирата меѓу три вакцини, „спутник V“, „Фајзер/Бионтек“ и „Синофарм“.

По вакцинацијата пријавени се 20 несакани ефекти, вели Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински средства.

Се очекува во Србија да пристигне и вакцината на Оксфорд која се изработува во соработка со британско-шведската компанија „АстраЗенека“.

Сепак, претседателот Александар Вучиќ денеска рече дека тешко може да се одговори на прашањето дали ќе има доволно вакцини.

– Кина мора да оди на масовна вакцинација. Денеска имавме мачен и тежок ден во набавка на вакцини- рече Вучиќ. – Разговаравме денеска и со Кинезите и со Русите, ќе разговараме и со Индијците, кои ја имаат фабриката на „АстраЗенека“. Нема да ми биде тешко да молам за секоја вакцина. – додаде тој.

Според него, големо прашање е новиот сој, кој Британците фи тера на масовна вакцинација. Голе аи тепка ситауција ако од Франција и Германија не се спротивстават на тоа.

– Нам вакцини ќе нѝ требаат во следните пет-шест години – рече Вучиќ.

Вели дека големите земји сакаат да имаат контрола над набавката на вакцините, а уште еден проблем е што тие нарачуваат пет-шест пати повеќе вакцини од бројот на жители.

Инаку, Србија се понуди на Македонија да ѝ даде вакцини, за и кај нас да почне вакцинацијата, а понудија и наши лекари да се вакцинирата во Србија додека не се донесе законот со кој ќе се овозможи вакцинацијата против Ковид-19 да биде легална.