Соц-реалистичка епизода на Борисов и Вучиќ


Бугарскиот премиер Бојко Борисов му подарил на српскиот лидер Александар Вучиќ  слика на која ги овековечил двајцата со „Балкански поток“. Прес-службата на владата молчела за интересниот подарок и го објавила дури откако социјалните мрежи го иронизираа инцидентот, објавува бугарски „Дневник“.

Гасоводот „Балкански тек“, поминува низ Турција, Бугарија и Србија. Попознат е како „Турски поток“, но е преименуван од бугарскиот премиер во „Балкански“ кога на 1 јануари беше отворен со помпа во Србија, но Борисов не отиде на прославата и воопшто избегна да зборува за случката.

Сепак, сликата во стилот на социјалниот реализам беше објавена во српскиот дневен весник „Новости“. Информациите велат дека премиерот Бојко Борисов му подарил на српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, кој беше во Софија, подарок за Вучиќ – платно што ја запечатува сцената од работите на гасоводот.

Откако веста се прошири на социјалните мрежи и предизвика иронични коментари, владината прес-служба на Бугарија беше принудена да одговори. Од пораката се разбра дека автор на сликата е Симеон Крастев и дека има и други слики од оваа серија. Една од сликите на авторот направени за изложба стигнала до премиерот Борисов кој  длучил да ја испрати до српскиот претседател Александар Вучиќ како спомен од неговата посета на Бугарија во јуни минатата година, кога бугарскиот премиер и српскиот претседател извршија увид во изградбата на Балканскиот тек.Социјалните мрежи беа исполнети со сајбер карикатури на платното што го величаа премиерот.