Два послаби земјотреси во Петриња и во Сисак


 

Подрачјето на Петриња и Сисак во Хрватска утрово го потресоа два послаби земјотреси.

Околку осум часот бил почувствуван земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 17 километри северозападно од Сисак, пренесе Индекс.

По неколку минути се почувствувал уште еден потрес, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, а неговата јачина била 2,7 степени по Рихтер.

Ова подрачје постојано се тресе по големипт од земјотрес од 6,2 степени според Рихтер, што се случи на 29 декември лани, кога загинаа осум луѓе, а бепе направена голема материјална штета.