Во Хрватска нови 549 заразени, починаа 16 пациенти


  Во последните 24 часа бројот на новозаразени со корона вирус во Хрватска изнесува 549, а вкупно има 2.955 активни случаи. Меѓу нив 1.203 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 106. Починаа 16 лица. Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 се разболеа 234.702 лица, починаа 5.122, а оздравеа 226.625. До […]

Петриња повторно погодена од земјотрес, грѓаните на улица


Подрачјето на Петриња во Хрватска утрово во 9.03 часот го погоди уште еден во низата земјотреси. Според првичните податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), магнитудата на потресот била со јачина од 3,8 степени по Рихтеровата скала и со епицентар на три километри југозападно од Сисак. Според тврдења на очевидци, потресот бил прилично силен, поради […]

ЕУ и САД критикуваат, Турција продолжува да апси


Веќе цел месец траат протестите по намерата на Ердоган да постави партиски човек за ректор на елитниот универзитет Богазичи во Истанбул   Полицијата приведе десетици демонстранти низ повеќе градови во четвртокот (4 февруари), откако Турција ја отфрли осудата на САД и ЕУ за насилството на претседателот Реџеп Таип Ердоган на студентските собири кои ескалираат веќе […]

Црквата во Романија под оган откако бебе умре по крштевката


Православната црква во Романија се соочува со зголемен притисок да ги смени ритуалите на крштевање откако бебе почина по церемонијата што вклучува потопување на доенчиња три пати во света вода. Детето од шест недели доживеа срцев удар и беше пренесено во болница во понеделникот, но почина неколку часа подоцна, а при обдукцијата беше откриена течност […]

Трет ден над 1.000 новозаразени во Грција, можни дополнителни мерки за Солун и Атина


Грција– Воведување полициски час од 18 наместо од 21 часот за викендите во Атина и префрлање на Солун во црвената зона со построги рестрикции се дел од мерките што се споменуваат во Грција, а би можеле да се воведат од утре, доколку ваква препорака донесе Комисијата на епидемиолози на денешниот состанок, јави дописничката на МИА […]

Хрватска: Дупките по земјотресите околу Петриње се досега невиден феномен


Хрватска– Новиот земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала вчера дополнително активираше многу одрони во Банија, а дупките што се појавија во земјата по секој земјотрес стануваат се поголеми. Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на тие дупки, дупки, досега не им била позната на сеизмолозите. – Нема пишани траги, па дури […]

Падна летало во езеро покрај Чаковец, извлечени две мртви тела


  Во езерото покрај Чаковец во Хрватска падна летало, а двете лица кои биле во него загинаа, потврдено е за Индекс. Моторниот змеј со две чица околу 15.22 часот паднал во акумулациското езеро на хидроелектраната „Чаковец“. Нуркачите од водите на езерото извлекле две мртви тела. Од езерото е извлечен и моторниот змеј. Во петок претпладне […]

Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени, починаа 14 пациенти


  Во Србија, од последниот пресек, потврдено е дека има уште 1.863 новозаразени лица со корона вирус, а починаа 14 пациенти. Тестирани биле 12.047 лица На респиратор се 138 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Србија заболеа 402.700 луѓе, а починаа 4.085 пациенти. Тестирани се вкупно 2.664.142 лица.

„Вестингхаус Електрик Шведска“ ќe истражува за алтернативно гориво за АЕЦ „Козлодуј“


„Westinghouse Electric Sweden“ ќе ја истражи можноста за употреба на алтернативен вид нуклеарно гориво во Петиот блок на АЕЦ „Козлодуј“. Премиерот Бојко Борисов за потпишаниот договор меѓу двете компании кажа дека е уште еден чекор кон диверзификација на енергијата и додаде дека потпишувањето на договорот со „Вестингхаус Електрик Шведска“ денеска е уште еден чекор за […]

Црна Гора на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирус


Црна Гора – Црна Гора е на второ место во Европа според бројот на новозаразени со коронавирусот на 100.000 жители, покажуваат податоците од европските статистички центри. Португалија е на прво место според бројот на нови случаи од 25 јануари до 1 февруари, а Шпанија е на трето место. Словенија е на осмото место меѓу 45 европски […]

Додик сослушан во Обвинителството на БиХ поради сомнителна икона што му ја подарил на Лавров


Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска мораше да се јави во Обвинителството на БиХ во Сараево, а според локалните медиуми, тој сведочел како дел од истрагата за сомнителното потекло на икона подарена на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.   Додик се обиде од страничен влез да влезе во седиштето на Обвинителството на БиХ, каде […]

Дојава за бомба пред суд во Сараево


Општинскиот суд во Сараево утрово беше евакуиран поради дојава дека е поставена експлозивна направа, соопшти Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон. Министерството за внатрешни работи наведува дека биле информирани оти бомбата е поставена околу 9:00 часот. Повеќе информации ќе бидат познати по увидот кој е во тек, додаде кантоналното МВР.

Стадионот „Маракана“ под блокада


Полицијата  го блокирала црвено-белиот стадион во текот на ноќта и  блокадата продолжува. Тренинзите  на играчите се откажани, а полицијата спречува приближување кон Маракана. Засилени полициски сили се распоредени од раните утрински часови пред стадионот „Рајко Митиќ“, кој во моментов е под блокада. Полицајците со долги цевки го спречуваат пристапот кон Маракана. Возилата на единицата за […]

Словенија рабoти на вакцина против коронавирус во форма на спреј за нос


Експерти од Националниот хемиски институт на Словенија планираат да користат своја вакцина против коронавирусот во форма на спреј за нос. Ова го објави словенечката новинска агенција. „Оваа технологија е интересна од научна и техничка гледна точка и веројатно ќе се користи за други вируси и вакцини. На овој начин се подготвуваме за потенцијални идни пандемии […]

Петриња не престанува да се тресе


Утрово во 5.59 часот, на подрачјето на петриња во Хрватска почувствуван е земјотрес со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала. Како што извести Сеизмолошката служба, сеизмографите забележале умерен земјотрес со епицентар на 4 км југозападно од Петриња. Магнитудата изнесувала 3 степени по Рихтер, а интензитетот во епицентаорт бил IV степени по ЕМС скалата.

Во Истра уапсени 27 луѓе за кои постои сомнеж дека лажирале сообраќајни несреќи


Хрватска– Истарската полиција соопшти дека се упасени 27 лица под сомнение дека лажирале сообраќајни несреќи и мамеле осигурителни компании. Се сомнева дека двајца мажи, од кои едниот од претходно се наоѓа во истражен затвор, и една жена извршиле злосторничко здружување, измама и фалсификување исправи, додека останатите лица се товарат за лажирање сообраќајни несреќи, со што помогнале во измамата. Од 2012 до […]

Во Србија вакцинирани над пола милион лица


Србија-Досега повеќе од половина милион луѓе се вакцинирани против коронавирус во Србија, точно 513.652, јави допсиникот на МИА од Белград. Србија сè уште е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија . Според бројот на вакцинации на милион жители само Велика Британија е подобра од […]

Во Хрватска 730 новозаразени, починаа 17


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 730 нови случаи со корона вирус, а починаа 17 пациенти. Тестирани биле 7.023 лица. Активни се уште 2.926, а 1.222 се лекуваат во болница, од кои 99 на респиратор. Во Хрватска дпсега се забележани 233.637 заразени, починаа 5.088, оздравеа 225.623. Досега тестирани се вкупно 1.206.372 лица.

Анкета: Во новиот бугарски парламент ќе влезат шест партии


Денеска објавените резултатите од најновото социолошко истражување на јавното мислење во Бугарија на агенцијата „Маркет линкс“ покажуваат дека владејачката ГЕРБ на изборите би добила 17,3 отсто од гласовите, а по неа ќе следи БСП со 15,3 отсто. Според анкетата трета политичка сила во моментов во Бугарија и во новиот парламент ќе биде Има таков народ […]