Во два дена во БиХ од Ковид-19 починаа 116 луѓе


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 5.422 примероци, а позитивни биле 1.606 луѓе. Сепак, бројот на смртни случаи, останува висок. По вчерашните 63 починати, денеска починаа уште 53 пациенти со Ковид-19. Во Федерацијата тестирани се 4.206 примероци, а 1.173 биле позитивни на корона вирус. Досега вкупно од Ковид-19 заболеа 95.686, излечени […]

Кризниот штаб разјасни што сè ќе биде затворено во Србија до понеделник


По повеќедневни апели на медиционскиот дел на Кризниот штаб за заострување на мерките поради влошената состобја со коронавурусот, која со денови изнесува во просек по 4.500 новозаболени, денес владата одлучи -од вечерва во 20 часот до понеделник Србија да се затвори. -Од вечер до понеделник сè ќе биде затворено. Нема да воведеме полициски час, нема […]

Запленети милиони фалсификувани долари и евра во Софија


Министерството за внатрешни работи на Бугарија и Обвинителството на градот Софија спроведоа операција против печатење фалсификувани долари и евра во главниот град. Тоа го објави главниот обвинител Иван Гешев на својот официјален профил на Твитер. Запленети се четири милиони долари и три милиони и 600 илјади евра, отпечатени на територија на високообразовна институција. – Бугарските […]

Во Србија од утре до понеделник ќе работат само продавниците за храна, аптеките и бензиските пумпи


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека од утре до понеделник во државата се ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи. По седницата на Кризниот штаб за борба со епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ изјави дека нема да има полициски час. Според неа, тие мерки се компромисно решение бидејќи медицинскиот дел од […]

И Словенија ја сопре вакцинацијата со „АстраЗенека“


  Словенија им се придружи на поголемата група држави во Европската Унија кои одлучија привремено да го сопрат вакцинирањето со „АстраЗенека“ против Ковид-19, потврди синоќа министерот за здравство Јанез Поклукар. Тој на ненајавена прес-конференција во Љубљана рече дека таква одлука е донесена превентивно и дека ќе важи се додека за безбедноста на вакцината не се […]

Турција: Како да се заштитат правата на децата за време на пандемија


Зголемување на семејното насилство, лишување од слобода, зголемена ранливост на детските работници, „секстирање за време на карантин“ (релативно нов феномен на испраќање пораки со непристојна содржина)  и насилство преку дигитално запознавање, недостаток на точни, навремени и потребни информации… Сите овие, на прв поглед неповрзани работи, всушност се вистински закани за децата откриени за време на […]

Србија: Вкупно 791.000 граѓани ги примиле двете дози на вакцината, се најавуваат остри мерки од Кризниот штаб


Србија – Во Србија вкупно 791.000 граѓани ги примиле двете дози на вакцината против коронавирусот. Тоа го изјави директорот на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација, Михаило Јовановиќ. Во изјавата за РТС тој нагласи дека досега се дадени над 2.040.000 вакцини на граѓани, а на порталот за е-влада се регистрирани 1.380.000 граѓани кои се […]

Хојс: Потврдите за вакцинација се дискриминирачки


Словенија – Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хоjс предупреди дека предлогот на Европска Комисија за издавање на сертификати за вакцинација против Ковид-19 е дискриминирачки кога поголем број граѓани  немаат пристап до вакцината. – Мислам дека ова е многу, многу дискриминирачки, нагласи тој на виртуелен разговор со новинари од словенечките медиуми во Брисел. Според него, тоа […]

Западен Балкан потенцијално на дневен ред во Брисел во април, потребен ЕУ консензус за отворање на преговорите


Западен Балкан да се најде на дневниот ред на министерскиот совет за надворешни работи на ЕУ предвиден на 19 април. Подготвеност за ова изрази  Жосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ. По писмото испратено до него на 5 март од девет земји членки на Унијата, со барање на следниот министерски совет за надворешни […]

Во Бугарија дури 187 починати од корона во последните 24 часа


Силината на последниот бран на корона вирусот во Бугарија не попушта. Во последните 24 часа здравствените власти регистрираа дури 187 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Идентификувани се 4.637 нови случаи на коро навирус од извршени 19.497 тестови, што значи речиси 24 проценти од позитивните примероци, соопшти БТА. Со денешните смртни случаи бројката на починати се […]

Во Албанија од Ковид-19 почина новинарот Арбен Костурани


Албанија – По двонеделна битка со Ковид-19, денеска почина Арбен Костури, познат новинар од Корча, член на Унијата на албански новинари, како и претседател на организацијата „Дисутни Албанија“, соопшти Унијата на новинари на Албанија. Педесетгодишниот Арбен Костури повеќе од две децении подготвуваше радио и телевизиски програми на ромски јазик и е еден од основачите на Унијата […]

Вучиќ-Палмер: Стабилноста на Западен Балкан е еден од приоритетите на САД


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска преку видео врска разговараше со специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер, со кого разгледа бројни регионални прашања, состојбата во врска со пандемијата Ковид-19, мерките за економското закрепнување и продолжување на дијалогот со Косово, јави дописникот на МИА од Белград. „Палмер ѝ честиташе на Србија […]

Во 36 случаи во Грција затаен данок во висина од 24,5 милиони евра


Лекари, туристички агенции, сметководители, фитнес центри, фризерски салони, спортски клубови,  компании за транспорт, за храна, за облека, се дел од бизнисите што се најдоа на листата на затајувачи на данок за периодот 2014-2019 година во Грција и ѝ направиле штета на државата во висина од 24,5 милиони евра според податоците од Независната служба за јавни […]

Во Србија повеќе од 4.600 новозаразени, починаа 28 пациенти


  Според последните информации, во Србија потврдени се уште 4.634 случаи на зараза со корона вирус, а починаа 28 пациенти. Во болниците ширум Србија се лекуваат 4.516 пациенти, од кои 219 на респиратори. Во последните 24 часа тестирани се 15.265 граѓани, а вкупно од почетокот на пандемијата 3.164.313. Досега во Србија од Ковид-19 заболеле 520.911 […]

Црна статистика во БиХ: 63 починати, заразени уште 582


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа по тестирање на 2.485 примероци, регистрирани се 582 новозаразени, а во истиот период починале 63 пациенти со Ковид-19. Вчера, по тестирани 3.567 примероци, регистрирани беа 1.031 новозаразени. Во Федерацијата тестирани се 2.088 примероци, а 447 биле позитивни на корона вирус. Досега се тестирани вкупно 489.207 примероци, […]

Рама ги повика здравствените работници од Косово да се вакцинираат во Кукс


Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги повика здравствените работници од Косово да се вакцинираат против корона вирусот во севернот албански град Кукс, кој е во близина на албанско-косовската граница. Тој исто така рече дека одредена количина вакцини на АстраЗенека против корона вирус ќе бидат испратени на Косово. Вакцинацијата на просветните работници, што во саботата почна […]

Во Хрватска забележани за 28 отсто повеќе новозаразени од минатиот понеделник


  Во Хрватска денеска се регистрирани 129 нови случаи со зараза од корона вирусот, што се за 28 отсто повеќе од минатиот понеделник, кога имаше 94 новозаболени. Бројот на активни случаи денеска е 4.342. Од нив во болница се 874 пацинети, а на респиратор 72. Починаа упте осум пациенти со ковид-19 или вкупно досега 5.685. […]

Борел подготвен да го врати западниот Балкан на дневен ред во април


На петти март девет земји членки на ЕУ преку писмо побараа од шефот на дипломатијата на ЕУ да се врати западниот Балкан на агендата на Унијата во април откако во декември лани беа блокирани заклучоците поради спорот меѓу Скопје и Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Во декември за прв пат во историјата ЕУ […]

Бугарија е последна според медиумската писменост во ЕУ


Бугарија се наоѓа на последното место во Европската унија според индексот за медиумска писменост од 2021 година, и на тоа ниво е веќе четири години. Индексот се објавува годишно од Европската иницијатива за политика (EuPI) при Институтот отворено општество – Софија од 2018 година. Тој ги проценува жителите на 35 европски земји според степенот до […]

Грција регуларно ќе продолжи со имунизацијата со вакцината на АстраЗенека


Грчката национална комисија за вакцинација, по одржаниот состанок за несаканите дејства по примањето на вакцината на АстраЗенека оцени дека процесот на имунизација во Грција со конкретната вакцина треба да продолжи регуларно, согласно објавениот план, јави дописничката на МИА од Атина. Од Комисија соопштуваат дека според надлежните органи од Европската организација за лекови, досега не постои […]