Во Србија повеќе од 4.600 новозаразени, починаа 28 пациенти
Според последните информации, во Србија потврдени се уште 4.634 случаи на зараза со корона вирус, а починаа 28 пациенти.
Во болниците ширум Србија се лекуваат 4.516 пациенти, од кои 219 на респиратори.
Во последните 24 часа тестирани се 15.265 граѓани, а вкупно од почетокот на пандемијата 3.164.313.
Досега во Србија од Ковид-19 заболеле 520.911 луѓе, а починаа вкупно 4.747.
Процентот на смртност изнесува 0,91 отсто.
Досега во Србија вакцинирани се 2.029.388 граѓани, а дури 790.852 примиле две дози од избраната вакцина.