Во Бугарија дури 187 починати од корона во последните 24 часа
Силината на последниот бран на корона вирусот во Бугарија не попушта. Во последните 24 часа здравствените власти регистрираа дури 187 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Идентификувани се 4.637 нови случаи на коро навирус од извршени 19.497 тестови, што значи речиси 24 проценти од позитивните примероци, соопшти БТА.
Со денешните смртни случаи бројката на починати се искачи на 11.472 лица.
Во болниците се наоѓаат 7.269 лица, од кои 577 се во единиците за интензивна нега. За последните 24 часа излечени се 1.877 лица.
Вакцинацијата оди со забавено темпо. Во последниот ден вакцинирани се 2.828 луѓе, а вкупните утврдени дози од почетокот на кампањата за вакцинација се 341.707.