Во Хрватска забележани за 28 отсто повеќе новозаразени од минатиот понеделник
Во Хрватска денеска се регистрирани 129 нови случаи со зараза од корона вирусот, што се за 28 отсто повеќе од минатиот понеделник, кога имаше 94 новозаболени.
Бројот на активни случаи денеска е 4.342. Од нив во болница се 874 пацинети, а на респиратор 72.
Починаа упте осум пациенти со ковид-19 или вкупно досега 5.685.
Досега во Хрватска заболеле 251.174, а оздравеле 241.147. Тестирани се вкупно 1.431.342, од кои 2.563 во последните 24 часа.